Мисајловски и Муцунски во Минхен на сесија посветена на новите политики на американската администрација предводена од претседателот Трамп

Во рамки на минхенската безбедносна конференција на покана на специјалниот пратеник на претседателот на САД за специјални мисии, Ричард Гренел заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Муцунски, учествувавме на сесијата посветена на новите политики на американската администрација предводена од претседателот Трамп, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски на неговиот фејсбук профил.

– Од особена важност е да се слушнат пораките од Вашингтон, кои носат една нова поинаква реторика и која првенствено се залага за постигнување на мировно решение, за која се залагаме и ние како држава и членка на најголемиот политичко-воен сојуз во светот, напиша на фејсбук министерот Мисајловски.