Трамп го потпиша планот за воведување „реципрочни царини“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе воведе реципрочни царини и за американските сојузници и за ривалите.

-Ако ни стават тарифа или данок, ние им ставаме исто ниво на тарифи или данок, толку е едноставно, рече Трамп.

Тој додаде дека кога станува збор за трговијата, нивните сојузници често ги третираат САД полошо отколку нивните непријатели.