ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II
Крис Срефо или Ристо Стефов, како што им е познат на Македонците е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.
Во биогравските податоци на Ристо Стефов се вели дека по завршувањето на средното училиште во Торонто во 1974 година, тој се запишал на четиригодишните студии на Факултетот за електротехника при Универзитетот во Торонто, каде во 1978 година се стекнува со диплома инженер за применета наука во електротехниката.
Првата работа на Ристо Стефов била во Комисијата за транспорт во Торонто. Додека уште студирал на Универзитетот бил ангажиран да помогне во компјутеризацијата на возилата на Транспортното претпријатие во Торонто. Тука спаѓало инсталирање на системи за следење на возилата и на комуникацискиот систем. Потоа, на Ристо му било дадено задолжение да имплементира информациски систем за одржување на возилата и разни други проекти.
Ристо Стефов и неговата сопруга ја формирале својата компјутерска фирма „СНС компјутерски систем“, преку која обезбедуваат консултативна помош, интеграција на хартвери и софтверски програми на новата микрокомпјутерска технологија.
По дипломирањето Ристо бил ангажиран од Добротворното здружение на Ошчима, едно од првите македонски асоцијации, формирано 1907 година. Тој бил во управниот одбор, потоа бил избран за претседател на оваа друштво. Исто така тој е член и на Леринското друштво за Онтарио, на кое бил и претседател, потоа на Македонското научно друштво, а е многу активен и во македонската заедница.
Инаку, друштвото “Ошчима” во минатото, па и се’ до денешно време, било и е тесно поврзано со жителите од селото, а посебно на оние кои во меѓувоениот период и по Граѓанската војна во Грција, кога селото ги претрпело најголемите несреќи. Тоа развило и издавачка дејност, во чии рамки е отпечатена и монографијата за селото, како и телефонскиот именик во кој се поместени телефонските броеви и адресите на сите жители од Ошчима, без оглед на сегашното место на живеење.
Во неговиот богат опус на издадени книги, едно од најзначјните научни и негово капитално дело е „Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, на „Македонски јазик“ (2008), од Скопје, за чија промоција Ристо Стефов дојде за прв пат во Република Македонија За ова многу значајно историско дело кое содржи над 500 страници, тврд повез, рецензенти се: академик Антоније Шкокљев – Дончо, по потекло од Дамбени, Костурско, Егејска Македонија и Славе Николовски-Катин од Преспа.
Во делото “Историјата на македонскиот народ од антички времиња до денес“, авторот Риста Стефов посветил особен простор за периодот на Македонија од 1939 до 1949 година, за Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција, која беше фатална за македонскиот народр од Егејска Македонија..
Книгата „Македонија – земја на легенди”, од Ристо Стефов печатена на англиски јазик, а издадена од издавачката куќа „Македонска искра” од Скопје во 2010 година, пак, е дело за неговата голема љубов кон родната земја. Авторот ги опишува импресиите од првата посета на Македонија по четириесет и две години живеење во Канада.
Ристо Стефов е Македонец од Канада, публицист, канадски интелектуалец, инжинер по образование и сопственик на компјутерско биро, доблесен патриот, човек кој цел живот ги брани интересите и ја чува и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ пред светската јавност.
Покрај делото “Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес”, тој е автор и на делата: “Македонија – илустрирано издание со карти, фотографии и биографии”, “Малата книга со големите грчки лаги”, “Монографија за селото Ошчима”, “Кратка историја за Македонија и македонскиот народ” и заедничкото дело со д-р Мајкл Серафинов “Ова земја не ја даваме”, како и на „Македонија во античко време“ и „Балканот и Македонија“, заедно со академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, сите на англиски јазик.
Инаку, Македонија е и радост и тага и восхит и преокупацијата на Ристо Стефов. Тој ја напуштил својата родна земја – Македонија, меѓутоа, спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Ваквите проникнувања на овие хоризонтали во животот на Ристо Стефов, како и сите Македонци ширум светот, ја откриваат сликата за библиската природа на древната земја на нивното потекло Македонија, сместена на балканските ветрометини.
Животната историја на Ристо Стефов е, истовремено, и скромен дел од историјата на неговото родно Ошчима, на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија и на македонскиот народ. Зашто она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети – Македонски, или како што е познат Александар Велики, преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци пред нив и по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава.
Затоа, може да се рече за доблесниот иселеник Ристо Стефов дека во неговите скромни рамки и преку неговите дела се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Тој е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија. Делата што ги напишал и ги пишува Ристо Стефов претставуваат убав пример и патоказ на еден честит, благороден и трудољубив Македонец надвор од Македонија.
Ристо Стефов за прв пат по заминувањето во Канада се врати во родната Македонија и го посети слободниот дел, Република Македонија во 2008 година. Тоа за него беше голем предизвик, времеплов и своевидна сага за неговото интелектуално опстојување. Целиот свој живот делбата на Македонија ја сваќа како трагедија и погуба на македонското дело, на својот народ и на идните македонски генерации.
Затоа, тој е публицистот кој војува со перото и пишаниот збор се’ со цел да ја прикаже и афирмира вистината за Македонија и македонскиот народ во светот. Тоа го потврдува фактот дека кај него тлее убавата и правдољубива идеја за Македонија, а со своите дела за висината за Македонија се издигнува над времете во кое живее. Неговите дела, во исто време претставуваат поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН