Меморандум за соработка во областите енергија, вода и отпад, денеска во Атина ќе потпишат Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (РААЕИ), јави дописничката на МИА од Атина.
Меморандумот ќе го потпишат претседателите на двете регулативни комисии, односно Марко Бислимоски од РКЕ и Атанасиос Дагумас од РААЕИ.
Меморандумот ќе биде основа за унапредување на функционирањето на националните и регионалните енергетски пазари, како и услугите за управување со вода и отпад.