Д-Р ДРАГИ ДЕНКОВСКИ – ДОНАТОР И ГОЛЕМ АФИРМАТОР НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА ВО КАНАДА (9)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Еден од афирматорите на македонската вистина во Канада е секакко д-р Драги Денковски. Тој е познат и признат стоматолог не само во македонската колонија, туку и во канадското општество во целина.

Покрај професионалната работа, Драги беше активен во македоиската заедница; бил претседател и еден од спонзорите на фудбалскиот клуб “Македонија” од 1973 до 1979 година, претседател и потпретседател на црковната управа на “Св. Климент Охридски”, член е на организацијата “Обединети Македонци”. Исто така тој беше претседател на Канадско-македонската академска асоцијација, која е формирана во 1976 година, како и членува во други друштва и клубови.

Д-р Драги Денковски е роден на 30 ноември 1940 година во селото Младо Нагоричане,Кумановско, каде и се здоби со осмогодишно образование, а средно забарско училиште и Стоматолошки факултет завршува со Скопје. Тој е син на Милан и Олга Денковски, а татко на Валентина и Мики (Милан).

Во 1968 година. Д-р Драги Денковски доаѓа во Канада, потоа пак се враќа во татковината за период од една година, за во 1971 година да се врати повторно во Торонто.

 Во 1972 година ги положува потребните испити за добивање дозвола да работи како стоматолог во Канада, каде што отвора своја стоматолошка ординација во источниот дел на Торонто, со што ги отвора стоматолошките услуги за голем број од македонските иселеници и други нации во Торонто.

Драги е истакнат македонски иселеник и е еден од позначајните донатори. Меѓу другото, во неговиот период како претседател во 1989/90 година се спроведе акцијата за оперирањето на девојчето Ана, потоа за планинарот Димитар Илиевски, кој е прв Македонец кој се искачи на Монт Еверест, каде и го загуби животот. Исто така, Драги беше поборник да се соберат 90.000 долари за Соборниот храм “Св. Климент Охридски” во Сколје и за други акции и манифестации во македонската колонија во Торонто.

Исто така, д-р Драги Денковски бил виден донатор и на црквата “Свети Климент Охридски“ во Торонто. Овој соборен храм е стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија.

По повод 30-годишнината од осветувањето, пак, излезе делото „Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танасков.Тоа е едно од значајните изданија на Македонската православна црлва „Свети Климент Охридски“, од Торонто, кое е отпечатено во 1994 година, на 232 страници, на македонски и англиски јазик Монографијата е исполнета со интервјуа, писма, документи заедно со статии од весници, списанија, публикации  и други материјали. Таа е исполнета со информации, фотографии, документи и другите писмени материјали од управите на црквата „Свети Климент Охридски“.

Особен придонес за монографијата беше помошта со материјали на тогашниот претседател, г-дин Никола Стојановски, кој ја започна идејата за објавувањето на ова дело. Исто така голем е придонесот и на другите членови на управите на црквата, особено на женската секција, другите групи и голем број Македонци од Торонто, Потоа за одбележување е тоа што членовите на управите на црквата за годината 1993/94 имаа разбирање да се финансира објавувањето на монографијата.

Исто така, треба да се потенцира придонесот на многу други добронамерници и пријателите на Македонците во Торонто, меѓу кои беше и д-р Драги Денковски.. Нивниот ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Св. Климент Охридски“ и на Македонската  православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина во демократска Канада, како и на земјата на нивните предци, етничка Македонија.

Еден од претседателите на Соборната црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто беше и д-р Драги Денковски. Така во 1989 година Денковски беше едногласно избран за претседател на црквата. Овој црковно – национален дом е најголем центар на раселените од сите делови на Македонија. Таа е место на другарување на Македонците од седум до седумдесет и седум годишна возраст. Со други зборови, таа е македонски центар за поколенијата.

Тоа е постигнато благодарение на демократска Канада која се смета за светски пример на мултикултурно општество. Таа е прва земја во светот која официјално го призна мултикултурното шаренило и ја продолжува континуираната, значајна и доследна недискриминаторска политика. Со тоа, мултикултурата на заедништво, почит и љубов кон Канада се прогласи за политика на власта на Канада, каде што секој староседелец или новодојденец како Канаѓанин има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, уживање и развој во сопствената култура, пропагирање и применување на сопствената религија и употребата на мајчиниот јазик.

Македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ е изградена во убавата метропола Торонто. Тој е распространет на брегот на езерото Онтарио, на осумдесетина километри од Нијагарините водопади и претставува град со многу европски нишани, кој магично го привлекува и опијува посетителот и намерникот. Торонто е град со прекрасни облакодери, раскошни населби со архитектура адаптирана од целиот свет, со уметнички галерии, музеи, опера и со други многубројни културно-историски споменици. Тој е најголемиот индустриски, културен, политички, административен и спортски центар, како и бисер на Онтарио и метропола со големи перспективи.

Иницијативата за формирање на оваа Македонска црковна општина и за нејзина изградба се роди на четвртиот Илинденски пикник што Националната организација „Обединети Македонци“ го одржа на 29 јули 1962 година. Тоа беше израз на силната љубов кон дедовската земја, Македонија, која секој иселеник длабоко ја носи во своето срце. Повеќе од осум илјади Македонци од Торонто и од околните места се собраа на пикникот во месноста Дон Милс.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН