САД на Украина лани и испорачале половина од ветената воена помош

Во последната година од своето претседателството Џо Бајден ги намалил испораките на оружје за Украина, и до лани во ноември Вашингтон на Киев доделил само половина од ветената помош што доаѓа од резервите на САД, се наведува во најнова медиумска анализа.

До септември лани, испораките во просек изнесувале 558 милиони долари месечно. Од октомври 2024 година до 20 јануари 2025, кога се одржа инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, помошта се зголемила до 1,1 милијарда долари месечно . Сепак, тоа не било нагло зголемување на поддршката бидејќи во првите две години од војната подршката била на истото ниво. Плус, до декември лани САД испорачале на Украина само околу 30 отсто од ветените оклопни возила.

Во говор од декември 2023 година Бајден рече дека САД сакаат „Украина да победи во војната“. Според анализата, Белата куќа стравувала дека оваа изјава ќе создаде нереални очекувања за подготвеноста на Вашингтон да помогне на Украина во ослободувањето на сите територии освоени од Русија од 2014 година.

Во 2024 година одлуките за воена помош за Украина биле носени со повеќемесечни доцнења, не само поради блокадата во Конгресот, кој долго не го одобруваше пакетот од 60 милијарди долари, туку и поради внатрешни спорови во Белата куќа за ризиците од ескалација на односите со Русија и за тоа дали САД имаат доволно залихи. Ситуацијата дополнително биле усложнета од лошо организираниот систем за следење на испораки, кога една институција не била свесна за задолженијата на друга.

Ова траеше сè додека не стана предоцна, се наведува во анализата.

-Забрзаните испораки во последните месеци од мандатот на Бајден не ја подобрија ситуацијата: Вооружените сили на Украина  ги загубија сите територии вратени под своја контрола во контраофанзивата во 2023 година и се жалеа на недостиг од техника за евакуација на ранетите и за испорака на муниција.

Според вашингтонскиот Институт за студирање на војната, Русија од друга страна освојувала во просек по околу 20 квадратни километри украинска територија дневно.

Неизвесноста околу продолжувањето на испораките на оружје за Украина се зголеми со враќањето на Трамп во Белата куќа,. Во првата недела од неговиот мандат, тој ја замрзна помошта за Киев и за други земји, воената поддршка сепак не беше опфатена. Трамп изјави дека САД потрошиле вкупно 200 милијарди долари помош во  оружје за Украина – повеќе од сите други земји на НАТО. Поради тоа, тој изјави дека бара Европа да  ги надомести на САД „скоро 200 милијарди долари“ за муницијата испратена во Киев.

Бројките што потоа ги наведе официјален Киев се разликуваа, според претседателот Володимир Зеленски, Украина од САД всушност добила вкупно 76 милијарди долари  воена помош.