КЛУБ-РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА “ГЕНИЈАЛНА” ИДЕЈА НА СИМЕВСКИ

Најверојатно сакајќи да најде изговор за слабата игра на женската ракометна репрезентација, односно неговото слабо водење на истата, селекторот Симе Симевски на седницата на УО на РФМ, предложи генијална идеја, од сите репрезентативки да се направи еден клуб, кој би играл во женската супер лига. Според него, само тоа било спас за женскиот ракомет.

Нормално, ваквата идеја беше отфрлена од УО на РФМ, чии членови најдоа низа недостатоци на истата.

-Против кого би играл тој клуб-репрезентација и како би го задржал натпреварувачкиот ритам ако немаме квалитетни клубови. За мене е пореално нашите репрезентативки да се борат за место во европските клубови каде што имаат посилна конкуренција и шанса да се натпреваруваат – изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Зачудува огромната толеранција на РФМ кон Симевски. Репрезентацијата игра слабо, немаме веќе силни ракометарки кои би и дале препознатлива игра на националната селекција, немаме препознатлива игра, а УО на РФМ сеуште не му се заблагодарли на селекторот за услугите. Други тренери паѓале и за помалку.