ВО ВИТЛЕЕМ – РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ХРИСТОС (13)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Според Новиот завет, Исус Христос е роден во градот Витлеем, најсветото место од сите свети места за христијаните. Секоја година лјадници верници и посетители доаѓаат во Витреем да се поклонат на светото место во пештерата и во црквата “Раѓањето на Исус Христос”. Овој храм доживеал многу архитектонски градби и надградби и постојано бил зголемуван во различни периоди од историјата. Црквата претставува творечко постигнување на човештвото преку вонредно убавите креации на повеќе библиски мотиви, содржини и специфични христијански карактеристики. Денес Витлеем е туристичко место и е преполн со гости од целиот свет, особено за време на деновите на одбележувањето на раѓањето на Исус Христос. – Божиќ. Таму Божик се слави три пати во текот на годината. Католиците, кои се собираат од целиот свет, заедно со палестинските Католиците го слават на 25 декември (според Грегоријанскиот календар), православните христијани го слават на 7 јануари (според стариот – Јулијанскиот календар), додека верниците на Ерменската православна црква го прославуваат Божиќ на 19-ти јануари. Витлеем се наоѓа на десетина километри јужно од Ерусалим. Градот е лоциран на планината Јудеја и по многу нешта наликува на  ридот од библиските времиња. Денес на овие карпести површини се изградени свети христијански места, цркви, манастири и други верски објекти, во знак на сеќавање на божиќната ноќ. Сето тоа го враќа верските изглед на Витлеем  како во времето од раѓањето на Исус Христос, на Божик. Витлеем е град под палестинска автономија, со население од околу триесетина илјади жители, од кои околу 70% се муслимани, а 30% се христијани. Она што некогаш била пештера издлабени во карпа, денес е просторот на црквата “Раѓањето на Исус Христос” и е најсветото место на сите христијани во светот. Според историските податоци на црквата “Раѓањето на Исус Христос” се вели дека во 332 година императорот Константин ги поставил темелите на денешниот храм. Величествената и најкарактеристичната црква во светот храмот “Раѓањето на Исус Христос” има оригинални мозаици од тој период со големи уметнички креации во различни бои. Во текот на бурната историја за доминација, црквата била урната, но во периодот на царот Јустинијан била повторно обновена. За одбележување е тоа што пристапот, влезната врата која е наречена “врата на понижување” е многу ниска и посетителот на симболичен начин, се наведнива или се поклонува на Исус Христос, за да се чувствува како да влегува во пештерата каде е роден Спасителот. 1vit
Пештерата каде е роден Исус
Местото каде бил роден Светителот Исус Христос е во карпа до која може да се дојде со подземен кружни скали. Денес 14-зрачната сребрена ѕвезда го означува светото родно место на Исус Хрисдтос. Тоа ги прикажува 14 генерации од Аврама до Давида, потоа 14. генерации од Давида до Вавилонската  империја, како и 14 генерации од Вавилон до Исуса Христа. Каменот на кој мајката Божја, Дева Марија го породина својот син Исус е во близина на Сребрена ѕвезда. Постојат тврдења дека оригиналниот каме бил однесен во Рим за време на крстоносните војни. Раѓањето на Исус Христос во пештерата не е случајно, туку тоа било за да се покаже дека целиот свет е една темна пештера, дека само Тој може да светне. Раѓањето на Господ Исус Христос се случило во Витлеем, а Витлеем значи Домот на леб, да се покаже дека само Тој е единствениот леб на животот, достоен за вистинските луѓе. Во црквата велат дека Христос е роден без покрив над главата, бидејќи се очекува во христијанските срца и души да биде неговиот дом и засолниште. Многу различни случки се забележани за црквата “Раѓањето на Исус Христос“ во текот на еден долг период на посети на христијаните од целиот свет на ова Светото место. Така,  во 1850 година во внатрешноста имало пожар од запалените свеќи, при што изгореле голем број икони. Затоа, Наполеон III поставил ѕид направен од азбест, кој сè уште стои и денес. Исто така има и бројни  христијански, а и непријатни случки кои остануваат забележани во историскиот развој на Црквата и Витлеем. Базиликата “Раѓањето на Исус Христос” е поделена и раководени од римокатолички, грко-православни (елинистички)  и ерменски свештеници. За жал тоа се случува во христијанството, особено во Израел. Сите тие три претставници  на своите цркви имаат свое време за молитва.  Посетителите, христијаните, на кои ова им е најсветото место, палат свеќи, се молат за да им се исполнат нивните желби, едноставно се молат на Бога.  И ние при нашата посета на Израел, со помош на палестинска групација, малку на чуден начин го посетивме Витлеем, местото каде бил роден Исус Христос и запаливме свеќи, се помоливме на Бога, се почувствувавме возвишено, необично, единствено,  што беше голем момент во животот за нас христијаните од Македонија. Меѓутоа, имавме мала непријатна сцена во црквата “Раѓањето на Исус Христос”. Имено, при нашата посета на ова свето место, храмот беше речиси празен, а времето за молитва, според распоредот беше на елинскиот (грчки) свештеник. И кога на свештеникот се претставивме дека сме од светата земја Македонија, тогаш, за жал, тој заборави дека служи на Бога и реагираше многу не христијански, особено  кога го фотографиравме епископскиот престол. За среќа, веднаш по нехристијанска средба во Светиот град, се сретнавме и со еден ерменски свештеник од Ерменската православна црква, кој беше многу љубезен со нас и не’ третираше како вистински христијани. За возврат, ние му дадовме книга со македонски репродукции на икони и фрески од бројни македонски православни цркви и еден Библиски речник на македонски јазик. Притоа, тој изрази голема благодарност на пријателската и со слична судбина Македонската православна црква и на македонскиот народ. Исто така, голема чест ни беше укажана и во католичкиот дел на Светата црква, каде, по препорака на Ватикан бевме гости на еден бискуп од Католичката црква. Ја напуштивме црквата “Раѓањето на Исус Христос” и се упативме во центарот на светиот град Витлеем, каде имавме средба со нашиот пријател со кого имавме другарски и пријателски врски уште од времето кога со него студиравме во Скопје. И оваа средба беше трогателна, незаборавна, пријателска. Со нашиот пријател, неговото семејство и пријателите кои топло не пречекаа, зборувавме за минатите поминати времиња во Македонија, за иднината на Палестина, на Израел, на Македонија, за космополитскиот иден свет на мајката Земја. На вечетна го напуштивме Витлеем и се упативме кон Ерусалим.
Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН