Бела куќа: Одлуката на Трамп за прекин на финансирањето е „многу одговорна мерка“

Белата куќа денеска ја бранеше одлуката на администрацијата на Трамп да ги замрзне сите заеми и грантови од федералната влада, потег што предизвика конфузија за судбината на илјадници милијарди долари финансирање.

„Ова е многу одговорна мерка“, изјави прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Левит, на новинарите во Вашингтон

„На оваа администрација е обврска да се увери, повторно, дека секој денар е чесно пресметан“.