Почитувани,
Во врска со информациите кои медиумите ги пласираат за текот на преговорите за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Македонскиот народ бара одговори од Зоран Заев и Никола Димитров. Македонија не е приватна Држава па за нејзината иднина да одлучуваат неколкумина кои привремено се власт. Срамно е за текот на преговорите за добиваме информации од брифинзи по медиумите. Точно ли е дека Зоран Заев прифатил ново име и идентитет и измени на Устав? Зошто во празничното интервју за МИА тој ја отфрли можноста Македонија да биде примена во НАТО Алијансата согласно Времената Спогодба и пресудата на Хашкиот Суд? Што ќе преговараат Никола Димитров и Никос Коsијас утре во Охрид? Дали се подготвува јавноста за капитулација и прифаќање на уцените на нашиот јужен сосед? Ова се прашања за кои се очекуваат одговори бидејќи се работи за иднината на Татковината!
БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ!
Грција ја прекрши Времената Спогодба за што е осудена од Хашкиот Суд за непочитување на меѓународен договор верификуван со резолуција во ООН. Согласно овој правен факт Владата на Ципрас и Коsијас нема ниту мандат, ниту легитимитет да преговараат за нов меѓународен договор бидејќи не го спроведуваат актуелниот.
РЕФЕРЕНДУМ МОРА ДА ИМА!
Македонскиот народ ќе ја одбрани Татковината и ќе ги отфрли Грчките уцени за ново име и идентитет. Сакаме во ЕУ и НАТО но не по цена на сопствено обезличување. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски