Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден денеска објави забрана за Црвена боја бр. 3 (Red Dye No 3), контроверзна боја за храна и лекови одамна позната дека предизвикува рак кај животните. Непрофитната организација ја повика администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да преземе дополнителни чекори за заштита на потрошувачите, вклучително и поставување построги ограничувања за тешките метали како олово, арсен и кадмиум, во храната што ја консумираат децата.