Муцунски на работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе одржи работен појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија акредитирани во земјава.

Состанокот, како што соопштија од МНРи НТ, се организира во рамките на воспоставената пракса на одржување на редовни работни средби со амбасадорите со цел размена на мислења за актуелни прашања од процесот на нашата интеграција во Европската унија.

Во отворениот дел од состанокот, како што е најавено, свое обраќање ќе имаат министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и амбасадорот на Европската унија во Скопје, Михалис Рокас.