Синдикатот и експертите против зголемување на границата за пензионирање, од Владата велат не се размислува за такво нешто

Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди. Од Владата, пак, велат дека во овој момент не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање и дека се прават напори за стабилизирање на состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

– Ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем. Во овој момент она што го направивме е усогласување со покачувањето на пензиите од 5000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по којшто се работи. Како што гледаме како да ги стабилизираме сите состојби, така остануваме посветени и на состојбата во Фондот, изјави вчера портпаролката на Владата, Марија Митева.

После долги години на дното оваа година за првпат имаме можност како држава да стигнеме до прилив од странски директни инвестиции до една милијарда евра, оцени денеска портпаролката на Владат

Според заменик-министерот за економија Марјан Ристески, потреба е добра анализа и да се утврди одговорноста зошто е дозволено да се празни Пензискиот фонд.

– Мислам дека треба да се размисли, да се согледаат параметрите. Знаеме дека Пензискиот фонд е празен, треба да се направи анализа зошто е тоа така во претходниот период и ако има одговорност, да преземат одговорност тие што го довеле до таа состојба, меѓутоа треба да се разгледаат и можностите и примерите од соседството и од европските држави и ние да го следиме чекорот во однос на пензионирањето на граѓаните во Република Македонија во однос на старосната граница. Сепак, конкретна изјава не можам да дадам. Тоа ќе биде после правењето на сеопфатни анализи. Секторот труд од пред неколку дена е префрлен кај нас така што ги имаме кадрите и ќе ги земеме анализите и од претходно и од сегашната состојба и од предвидувањата за иднина па ќе донесеме некоја соодветна мерка којашто ќе биде во интерес и на државата и на граѓаните во однос на пензионирањето, изјави вчера Ристески во Куманово. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија  во изјава за МИА потенцираа дека пензиските реформи во сериозни држави се прават врз основа на сеопфатни анализи за целокупната општествено – економска состојба со сите предности и клучни предизвици во насока на социјално згрижување и сигурност за најголем број од населението.

– Доколку членовите на Фискалниот совет сакаат да помогнат во крпење на буџетот во Фондот за пензиско, можеби треба да почнат да плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за сите нивни приходи што ќе претставува пример и за останатите кој треба да се следи!  И во минатото сме биле сведоци на вакви несериозни предлози и тоа од луѓе кои не се дел од работниците, а на штета на работниците. Напоменуваме дека вакви избрзани мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање, само и исклучиво во обем потребен за покривање на дефицитот на Пензинскиот фонд, на долг план не вложувале со плод, напротив структурните проблеми останувале нерешени и проблемите се повторувале, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не добил одговор од Уставниот суд на иницијативата што ја поднесе пред три месеци за оспорување на измените на Законот за работни односи во делот на

Според ССМ, наместо продолжување на границата за пензионирање, потребно е воведување на повеќе услови за пензионирање, како пензионирање со навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години работен стаж за жени, предвремено пензионирање, воведување на бенефициран стаж за градежните работници и за други дејности каде што работните задачи се одвиваат во особено тешки услови за работа кои штетно се одразуваат на животот и здравјето на работниците, старосна пензија – по возраст или работен стаж – по дејности, предвремена старосна пензија по возраст, неполна старосна пензија по возраст обезбедување на можност за докуп на стаж.

Синдикатот бара и сеопфатни ангажмани за трансформација на непријавената работа во пријавена и целосен ангажман на инспекциските и други државни органи за наплата на социјалните придонеси во целост.

– Поради непријавената работа државата годишно губи 250 милиони евра кои остануваат во џебовите на газдите. Само на овој начин социјалните фондови можат и ќе станат реални и одржливи и ќе бидат вистинска заштита и сигурност за работниците и граѓаните во услови на болест, старост, невработеност. Дотогаш, не може да си играме со здравјето и животот на работниците и граѓаните, не може без нивна волја и потреба да го продолжуваме нивниот работен стаж и да ги изложуваме на опасност нивните животи со продолжување на работниот век и одлагање на заслуженото пензионирање како покритие за лошите политики долг временски период наназад, нагласува Трендафилов во изјава за МИА.

И универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии е против предлогот за зголемување на границата за пензионирање затоа што според него ваквиот предлог е неправеден за работниците и нема да ги реши проблемите со кои се соочува Пензискиот фонд во моментот. 

– Кога станува збор за границата за пензионирање, главното прашање за мене е колку долго луѓето живеат по пензионирањето. Во Македонија, тоа во просек изнесува само 10 години, што е меѓу најкратките во Европа – границата за пензионирање е 63 години, а животниот век е 73. Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само 6 години, што веројатно ќе биде најкратко во светот. За споредба, во Австрија луѓето живеат во просек 18 години по пензионирањето – границата за пензионирање е исто така 63 години, но животниот век е 81. Слична е состојбата и во другите земји од ЕУ. Кога животниот век во Македонија ќе се доближи до 80 години, тогаш можеме да размислуваме за вакви промени, но не сега, вели Јовановиќ во изјава за МИА.

Ако сакате да ја поттикнете економската активност мора да ја стимулирате потрошувачка, тоа е еден од основните постулати за справување со секоја криза, порача вечерва поранешниот советник во

Посочува дека мерката нема да има речиси никаков ефект на краток рок, бидејќи резултатите од зголемувањето на границата за пензионирање се гледаат дури по 10-тина години. До тогаш, додава Јовановиќ, дел од проблемите со дефицитот на Пензискиот фонд ќе почнат да се решаваат природно со исплатата на пензии од вториот пензиски столб.

Наместо вакви мерки, според Јовановиќ, има други мерки коишто би биле поефективни во овој момент. Смета дека треба да се укинат сите ослободувања од плаќање даноци и придонеси бидејќи тие креираат дел од дупката во Фондот за ПИОМ, а за придонесот за пензиско осигурување вели дека треба да се зголеми бидејќи тој е еден од најниските во Европа. 

Во мислењето на Фискалниот совет доставено како предлог кон Фискалната стратегија 2025-2029 година се предлага од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти. Од 2027 година препораката на Советот е да се направи анализа за фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ и во зависност од трендот и потребата, постепено да се зголемува придонесот за пензинско и инвалидско осигурување до 21 процент до 2029 година. 

Вработените во управата и правосудството вчера два часа ја прекинаа работата, а истото ќе го сторат и денес. За понеделник генерален штрајк најавија и вработените во образованието, науката и

Од Фискалниот совет, кој е е независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, нагласуваат дека ваквите мерки се потребни за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период. 

– Фискалниот совет е на мислење дека за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период, потребни се дополнителни мерки како зголемување на работниот век на вработените и постепено зголемување на придонесот на пензиско и инвалидиско осоригување (тековно е на 18,8 проценти што е намалување од 2,4 проценти во однос на 2008 година кога изнесуваше 21,2 проценти). Кога на тоа би се додало старењеето на населението, а со тоа и секоја година зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1500-1700 нови пензионери секоја година, придружувано и со преференцата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензионите приходи со наплатените придонеси, проблемот уште повеќе станува комплексен. Оттука фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ претставува посебен фискален ризик, се наведува во мислењето од Фискалниот совет.

Реакциите за предлогот на Фискалниот совет вчера беа пренесени речиси од сите медиуми. Дел од медиумите објавија и интересни и креативни наслови на оваа тема.