Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија

Делегација на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Како што е најавено, чешката парламентарна делагација ќе биде примена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши,  а ќе има средби и со претседателот и членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и со претседателот и членовите на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република.