Претседателот на Собранието Африм Гаши со собраниска делегација денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Косово.
Според Програмата за посетата, предвидени се средби на Гаши и делегацијата со претседателите на Собранието и на Владатра на Косово, Глаук Коњуфца и Албин Курти, со претставници на Групата за соработка на парламентите на двете држави, како и со лидерите на политичките партии претставени во косовското Собрание.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши ја предводи Делегацијата од Собранието во чиј состав се пратениците Имрлије Салиу-Фетаи, претседателка на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Косово и Тони Јаревски, член на Групата.