САД ќе обезбедат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 275 милиони долари, соопшти американското Министерство за одбрана.
– Пакетот вклучува муниција за систем за ракетни фрлачи (ХИМАРС), кој има дострел од околу 80 километри. Во пакетот се вклучени и дронови, противтенковско оружје, артилериска муниција од 105 и 155 милиметри, соопшти Пентагон.
САД се најголемиот снабдувач на оружје за Украина. Според податоците на Пентагон, од февруари 2022 година во Украина испратена е воена помош со вкупна вредност од над 60,4 милијарди долари.