Мицкоски на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија.

Како што информираат од Владната прес-служба предвидено е премиерот Мицкоски да има обраќање на овој состанок.