ЛИЛИ ПЉАКАС – ЖИВОТНИОТ СОПАТНИК НА СТИВ – ЕДНА ОД ДЕЦАТА ПРОГОНЕТИ ОД МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ II (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Името Лефа, кое во Канада се трансформирало во Лили значеше еден нов идентитет уште од самиот почеток во новата средина. Така, Лили веднаш по пристигнувањето го започнала своето основно образование на англиски јазик. Секој почеток е тежок, така што и за Лили имало потешкотии со јазикот, но како надарено македонско девојче, јазичната бариера брзо ја совладувала.

По успешното завршување на основното образование, Лили се запишала во Гимназија каде помина две успешни години образование. Меѓутоа, семејните финансиски услови наложиле да го прекине образованието и на 16-годишна возраст да започне да работи, односно да отпочне со печалење на пари во семејниот буџет за едно поинакво утре.

Првото вработување ѝ било во ТТС (Торонто транспот компанија) и работела во канцеларија како службеничка. Таму научила дактилографија и стенографија, со што подоцна ѝ се отвориле вратите за подобра позиција, кога и станала секретарка во фирмата. Тоа помогнало на Лили успешно да се вклопи во приватниот бизнис.

Во тој период се запознала со Стив Пљакас, кога и пламнале првите љубовни искри на двајцата лични млади луѓе, што е и најавата за нови предизвици, за еден нов брачен живот. Така, 1965 година ќе биде забележана со златни букви во животот на Лили и Стив Пљакас. Таа е година кога тие беа венчани во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто и кога го започнаа својот заеднички живот  и посреќно утре во годините што следат.

Лили Пљакас беше благородна Македонка која со сето свое битие, со душа и срце беше посветена на своето семејство, на Стив, на ќерќите Маргарет и Џини, на зетовците Џорџ и Алек, но најмногу на внучињата Анџела, Кристифот, Стивен и Стефан, кои ѝ бее светлата точка, убавината во нејзиниот живот. Во исто време таа беше Канаѓанка од македонско потекло која активно беше вклучена во македонската и канадската заедница во Торонто и во Њумаркет.

Лили Пљакас беше позната и призната Македонка која потекнува од македонско патриотско семејство. Таа беше една од најактивните во македонската заедница во Торонто, особено во црквата „Свети Климент Охридски’.

11

Македонска носија во Полска

Била на повеќе функции во црквната женска секција. Затоа, со право се вели дека во периодот кога била и претседател на Женската секција во црквата „Свети Климент“, биле преземени бројни активности кои го збогатиле црковно-националниот живот во македонската заедница.

Особено внимание било посветено на зачувувањето на македонскиот идентитет, обичаите, песната и орото и многу други вредности донесени од родната Македонија. Притоа особено внимане било посветено на традициите кои Македонците во Канада ги чуваат и ги збогатуваат.

Несомнено дека кога се пишува за историскиот развој на жената во македонската заедница во Торонто, тогаш името и делото на Лили Пљакас беше тесно поврзано со активностите и работата на национален и духовен план.

Таа беше христијанка, припаѓаше на Македонската православна црква и со нејзината работливост, честитост, трудољубивост, хуманост и донаторски однос, остави длабоки траги кај младите генерации и претставува патоказ за ширење на македонскиот дух и љубов меѓу луѓето.

И покрај тоа што Лили го напуштила родното место Желево кога имала само две години и останала со избледените спомени, таа е горда со дедовската земја и нејзиното македонско потекло.

Таквата гордост ја има пренесено и кај своето семејство. Сите средби и разделби со родниот желевски крај, како и со Македонија, земјата на нејзините корени и потекло, се доживувани многу емотивно, останувајќи длабоко врежани траги во нејзините спомени, во нејзиниот незаборав.

Лили Пљакас беше пример на Канаѓанка од македонско потекло која не само што напорно работеше во нивниот бизнис, туку таа беше активна во организирање на различни посети, видувања, другарувања, како и на вечеринки, пикници, и друг вид македонски собири и дружења.

Во исто време таа беше жената која финансиски ја помагаше македонската заедница, особено македонските православни цркви, таа беше голем хуманист и донатор за поединци и асоцијации.

Била иницијатор, организатор и финансиски поддржувач на бројни патувања на Македонците од Торонто, особена на Женската секција. Мегу другото, по повод 75 – годишнината од поделбата на Македонија била организатор на патувањето до Обединетите нации во Њујорк во одбрана на македонското име и на Македонија.

Оваа благородна и прекрасна личност со исклучителни чувства ги чувала како аманет дел од спомените и настаните од нејзините животни врвици, и во детството и во онаа рана младост на битките да се бори и да се успее по секоја цена и кога е најтешко и, се разбира, најубавиот период – тоа се долгите брачни години со нејзиниот сопатник Стив.

Колку може да се пишува за таа заедничка идила, за радостите, успесите, тегобните моменти, среќниот углед и статус, и сè‘ така од средината на минатиот XX век, па еве, ги врвиме првите децении и сите следни што ќе им ги дари Бог, да живеат среќни уште долго, долго во новото столетие, заедно со своето семејство, ќерките и  најголемата радост внучињата.

Продолжува

1SlaveK2

Пишува: СЛАВЕ КАТИН