ЛИЛИ ПЉАКАС – ЖИВОТНИОТ СОПАТНИК НА СТИВ – ЕДНА ОД ДЕЦАТА ПРОГОНЕТИ ОД МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ I (7)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Лили Пљакас беше Канаѓанка од македонско потекло. Таа е родена на 10 октомври 1947 година во познатото македонско село Желево, Леринско. Во август 1949 година била принудена заедно со своето семејство да го напуши родното Желево и со себе да ја понесе само торбичката со искинати детски алишта. Во реката протерани бегалци од егејскиот дел на Македонија, патот ги однел преку Преспа во Албанија, а оттаму во Полска. Лили Пљакас беше благородна Македонка која со сето свое битие, со душа и срце беше посветена на своето семејство

Бизнисменот, благородниокот и, во исто време, човекот кој е посветен на Македонија и на македонскиот народ, Стив Пљакас и неговата животна сопатничка Лили, испишуваат една прекрасна заедничка роднокрајна, лична, семејна, национална и професионална сага долга педесетина години.

Често се вели дека жената е десната рака на мажот. Тоа се потврдува во брачниот живот, во нивното заедничко живеење во период од цели пет и пол децении во кои споделиле и радост и тага и успеси и падови и убави мигови, патувања, дружења, отвориле нови патишта на живеењето и опстојот, од кои носат прекрасни спомени за еден хармоничен и среќен македонски брак.

Лили Пљакас беше Канаѓанка од македонско потекло. Таа е родена на 10 октомври 1947 година во познатото македонско село Желево, Леринско. Во документите е запишана како Лефа од нејзините родители Мијајле и Петра, кои го извршиле чинот на крштевање на Лефа во селската православна црква.

Нивната ќеркичка дошла на свет во немирните години на втората половина на четириесетите години од минатиот век, кога во Егејска Македонија се чувствувале последиците од Ѓраѓанската војна во Грција, кога започнал крајот на почетокот на истребувањето на Македонците од своите дедовски корени.

Тоа е време кога, на само двегодишна возраст Лефа со своите најблиски засекогаш го напуштила своето родно Желево и со себе понела несреќни моменти од родниот крај во егејскиот дел на Македонија.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Панорама на селото Желево

Во тој воен период, наместо да расте и да минува безгрижни детски дни, таа го напушта дедовскиот праг и топлото огниште. Заено со баба си Трендафилка и мајка си‘ Петра, за да се спасат од воените немири заминуваат во селото Породин, Битолско во 1949 госина. Таму остануваат една и пол година и повторно се враќаат во Желево.

За жал, само по кусо време, во август 1949 година била принудена заедно со своето семејство повторно да го напуши родното Желево и со себе да ја понесе само торбичката со искинати детски алишта и едно суво цвеќе од бабиниот двор како драг спомен во кревката детска душа. Во реката протерани бегалци од егејскиот дел на Македонија, патот ги однел преку Преспа во Албанија, а оттаму во Полска.

Во новата татковина Полска биле сместени во домот за бегалци од Грција во градот Згожелец. Во ова место семејството на Лефа отпочнало новото адаптирање и снаоѓање во животот во новата средина.

Таму била поставена основата за иднината на новит живот. Во Згожелец Лефа го научила полскиот и грчкиот јазик. Се чини мудроста, добрината, снаодливоста во животот и природната дарба на нејзината баба Трендафилка во голема мерка помогнале во голема мерка тие да имаат подобар и посреќен живот.Бегалскиот живот продолжил и од Полска. Имено, нејзиот татко Мијајле Ѓиану веќе од 1952 година засекогаш заминал од своето родно место Желево и емигрирал во Канада кај неговиот татко Танас кој веќе околу петнаесеттина година бил на печалба во Торонто.

Оттаму воспоставил контакт со своите најмили во Полска и ја започнал процедурата за повлекување на семејството во Канада. Така и се случило. На 10 февруари 1955 година Трендафилка, Петра и Лефа, со помош на Црвениот крст се иселуваат од Полска и со авион преку Англија дошле како птици преселни во Тотонто.

На радоста ѝ немало крај. По седум години разделеност средбата на семејството Ѓиану, во Торонто, беше и среќна и тажна, со топлите прегратки и многуте солзи на разделените. Во тие мигови радоста не им дозволи на членовите на ова сега веќе среќно семејство да прозборат. Тоа било почеток на еден нов среќен живот далеку од својот роден крај во родната Македонија во новата средина во демократска Канада.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН