Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работнаta посета на Сојузна Република Германија, денеска ќе оствари средба со сојузната министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Од МНР соопштија дека ова е прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција.
На средбата, како што е најавено, ќе стане збор за одлични политички и економски односи помеѓу двете земји, интеграцијата на државата во Европската Унија, како и како и за други актуелни теми од регионален и европски безбедносен и политички аспект.