Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамки на мини балканската турнеја, в четврток ќе престојува во Албанија, каде што свечено ќе ја отвори големата џамија во центарот на Тирана. Џамијата архитектонски е слична на оние во Истанбул, ќе може да прими повеќе од 5.000 луѓе во исто време. Во објектот има библиотека, културен центар и конференциска сала. Освен што на ова место ќе може да се изучува Куранот, ќе може да се учи и турскиот јазик. За нејзината изградба Турција инвестирала околу 30 милиони долари и се смета за најголема џамија на Балканот.