Во Будимпешта денеска треба да биде потпишан договорот за унгарскиот заем во висина од половина милијарда евра од кои дел ќе бидат наменети за бизнис секторот, а дел за реализација на проекти на општините. Опозициската СДСМ го оцени унгарскиот заем како голем корупциски проект кој ќе го отплаќаат идните генерации и побара Законот да се носи по редовна постапка. Претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет Сања Лукаревска одби да закаже седница со оваа точка на дневен ред поради што седницата беше свикана од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши, а со неа претседаваше пратеникот Бојан Стојановски.