Новата учебна година почнува за 245 илјади основци и средношколци, бројка намалена за 17 илјади во изминатите седум години

Почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години.

– Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лоште политики, не само во образованието, туку во сите општествени сегменти, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа најави дека постоечките политики ќе ги заменат со нови и прогресивни во чие креирање, како што рече, ќе учествуваат сите оние кои се засегнати. За тие политики да бидат спроведени, додаде, ќе биде обезбеден поширок консензус.