Премиерот Христијан Мицкоски по повод одбележување на роденденот на Гонџа Бојаџи – Мајка Тереза ќе учествува на манифестацијата „Светлината на Гонџа”.
Настанот, како што информираат од Владата, ќе се одржи во спомен куќата и споменикот на Мајка Тереза на улица „Македонија“.
Премиерот Мицкоски по завршување на настанот ќе даде изјава за медиумите.