По повод 18. Август – Денот на Армијата, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки и благодарност до сите армиски припадници кои служат со чест, храброст и непоколеблива посветеност.

– Вашата професионалност и подготвеност секогаш да одговорите на предизвиците е инспиративна. Секојдневно вложувајќи се со храброст, пожртвуваност и лојалност, вашите придонеси не остануваат незабележани. Вие сте пример за тоа што значи вистинска љубов кон татковината. Верувам во вас и се гордеам со вас. Продолжете да бидете штит на безбедноста и стабилноста на Македонија, нагласува министерот Мисајловски во честитката.