Мицкоски: Мора да го почнеме процесот за воведување трет мобилен оператор за да го заштитиме стандардот на граѓанинот 

Како Влада мора да работиме да го заштитиме стандардот на граѓаните и да ги подобриме услугите кои ги добиваат. Токму тоа е причината што се обидуваме да внесеме трет мобилен оператор на пазарот.  Сега е само на ниво на интерес и информација и немаме никаков конкретен чекор, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Доколку има некаков конкретен чекор јавноста ќе биде благовремено информирана, но мора да го почнеме овој процес за да го заштитиме граѓанинот од овој дуопол којшто во моментот е на пазарот кај нас и грчевито ќе се бори да ја задржи оваа ситуација на дуопол и тоа ни е јасно. Настрана што е целосно партизиран и октруиран во раководството од страна на некои минати влади коишто во минатите седум години жестоко влијаеја во кадровската политика кај овој дуопол, ние мора да работиме на тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните и услугите коишто ги добиваме. Нема да се откажеме како Влада, ниту јас како претседател на Влада од тоа да го заштитам стандардот на граѓаните и да добиваат вистинска услуга онаква каква што заслужуваат граѓаните во 21 век, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешниот увид на градежните работи за доградба на детската градинка Срничка на објектот Изворче во Општина Аеродром.

Како Влада мора да работиме да го заштитиме стандардот на граѓаните и да ги подобриме услугите кои ги добиваат. Токму тоа е причината што се обидуваме да внесеме трет мобилен оператор на паза

Наш интерес, додаде, е стандардот на граѓаните и свесни сме дека услугите коишто ги плаќаат граѓаните како резултат на овој дуопол којшто функционира се можеби највисоки и во регионот и во Европа. 

-Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, па ќе се измислуваат преку разно разни приказни таа компанија била во соработка со кинески или веќе не знам какви ти не компании. Нашиот став како Влада е јасен, мора да го заштитиме стандардот на граѓаните. Не можеме да дозволиме граѓаните да бидат жртва на овој дуопол којшто денеска функционира. Истовремено е јасен нашиот став, дека која било компанија да сака да биде дел од пазарот и да биде трет мобилен оператор мора да ги исполни условите и критериумите во согласност со определбите на државата, во согласност со стратешката ориентација и од тие земји да биде потеклото на опремата која што евентуално би била вградена доколку се случи да имаме трета компанија која што е заинтересирана, прецизира Мицкоски.