ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 2003, 2004 И 2005 ГОДИНА (57)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „40. ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ФИЛОЗОФ ВО РИМ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ, СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ

Во 2003 година на празникот на патроните на словенското писмо, свети Кирил и Методиј, црковната делегација беше во состав митроолитите Тимотеј и Наум. Празнична беседа одржа митрополитот Тимотеј, во која накратко се осврна на животот и делото на светите браќа.

На поклонението пред гробот на Свети Кирил, митрополитот Тимотеј рече: „Свети Кирил и Методиј знаеле дека и престојниот успех ќе биде загарантиран само ако Христовата наука се проповеда со љубови жар, но само на разбирлив јазик за слушателите на словото Божјо …Светите браќа, со доаѓањето во Моравија, на повик од кнезот Ростислав, патувале од место до место, им пристапувале на луѓето искрено и топло, како свој на свој и можеле најнепосредно да го посеат во срцата нивни, полезното семе на христовата љубов и вера“.

Активности во чест на Светите Кирил и Методиј: 

На 4 ноември 2003 година на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје се одржа научен собир со наслов „Историјата на македонскиот народ и историјата на МПЦ”.

Од издавачката дејност:

Лилјана Макаријоска: Лексиката на материјалната култура во македонските црковнословенски ракописи, Скопје 2003.

Наталија Андриевска: Преводот на грчкото привативно алфа во старите македонски текстови, Скопје 2003.

Весна Костовска: Македонско четвороевангелие, Скопје 2003.

Ѓорѓи Поп-Атанасов: Палеографски албум, т. 2, Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки , X-XIV век, Скопје 2003.

Ѓорѓи Поп-Атанасов: Палеографски албум, т. 3, Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки , XIV-XIX век , Скопје 2003.

Славе Николовски-Катин: Илинден 1903 – 2003 и македонските иселеници, „Македонска искра“ – Скопје, 2003, 1-232 (на македонски).

ТРИЕСЕТ И ШЕСТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 2004 ГОДИНА

Црковната делегација ја сочинуваа митрополитите Тимоеј и Наум, архимандритот Пимен, протоерејот-ставрофор Љупчо Двојаковски, отец Сашо Додевски и јероѓакон Арсениј. Државната делегација ја предводеше претседателот на Република Македонија г-дин Бранко Црвенковски, министерот за кутлура Благој Стефановски, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници Цане Мојановски, и други. На официјалната средба со папата Јован Павле, присуствуваше целата државна и црковна делегација, како и претставниците на Католичката црква во Македонија, бискупот Јоаким Хербут и викарот Киро Стојанов.

Од издавачката дејност: 

Ѓорѓи Поп-Атанасов, Илија Велев, Маја Јакимовска -Тошиќ: Творци на македонската средновековна литература (IX-XV/11 век), Институтза македонска литература, Скопје 2004.

Д-р Цане Мојановски: Автокефалноста на Македонската православна црква, Македонска искра, Скопје 2004.

Протоѓакон д-р Ратомир Гроздановски: Евангелие според Марко, проучување и толкување на евангелскиот текст, Скопје 2004.

Ѓорѓи Поп-Атанасов (со коавтори: Творци на македонската литература IX-XVl/1 век, Институт за македонска литература, Скопје 2004.

Илија Велев (со коавтори): Творци на македонската литература IXXVIII век, Институт за македонска литература, Скопје 2004.

Илија Велев: Лесновски Ковачевиќев пролог, Менора, Скопје 2004.

Вера Стојчевска-Антиќ: Култот на Света Богородица, Просветна дело, Скопје 2004.

Антоније Шкокљев-Дончо, Славе Николовски-Катин: Придонесот на Македонија во светската цивилизација, „Македонска искра“ – Скопје, 2004, 1-346 (на македонски) 

Славе Николовски-Катин: Монографија за Гога Печенковски од Ресен – „Македонска искра“, Скопје, 2004, 1-112.

ТРИЕСЕТ И СЕДМОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ  ГРАД РИМ – 2005 ГОДИНА

Црковната делегација беше предводена од митрополитот Тимотеј, во придружба на архимандритот Нектариј, протојерејот Борислав Лазов, протоѓаконот Ратомир Грозданоски и д-р Ѓоко Ѓорѓевски. Покрај државната делегација на чело со премиерот Владо Бучковски, имаше претставници од Римокатоличката црква и од Комисијата за односи со верските заедници.

Во Советот за единство на христијаните делегацијата беше примена од бискупот Фарон од Холандија, на кого му беше пренесена состојбата во МПЦ, односите со СПЦ, итн. Македонската делегација беше примена за првпат и од новиот папа Бенедикт XVI, со кого имаше срдечна и пријателска средба. Премиерот беше примен и од државниот секретар на Ватикан кардиналот Ангело Содана.

На молебенот покрај присуството на гостите од Македонија, беше забележително присуството и на повеќе амбасадори во Ватикан, од САД, Израел, Ватикан и Италија, и од сите поранешни југословенски републики. Митрополитот Тимотеј одржа свечена празнична беседа, која беше прочитана и на италијански јазик. Таа гласеше:

Наоружувајќи се со вечната Премудрост и облекувајќи се со силата на верата и љубовта, свети Кирил заедно со неговиот брат свети Методијтргнаа да го проповедаат Бога меѓу народите и , како некогаш и апостолите, го избраа патот на Крстот Христов и доследно го носеа на земјата до последниот здив . Затоа, и денес, по многу векови, нивната слава расте и се умножува во Светата црква Христова ширум Европа и ширум целиот свет. Затоа со право се прогласени за копатрани на Европа … 

Денешниот живот на МПЦ во голема мера наликува на времето во кое живееле светите браќа. Проблемите и искушенијата што ги трпиме денес, ги трпеле и тие, во поинаква форма, но со истиот дух. И ние сега, како и тогаш светите Кирил и Методиј, незаконски и нелогично сме обвинувани за се и сешто, негирајќи ни го нашиот национален идентитет.

Црквата Св. Климент во Рим

Свети Кирил е нашиот пастир и нашиот духовен родител. Огрешувајќи се кон него се огрешуваме кон Божјите заповеди, се огрешуваме кон нашата историја, се огрешуваме кон нашите предци и ги забораваме страдалните солзи на оние кои го граделе зданието на нашата слобода, самостој ност и самобитност … Смирено и искрено го молиме големиот светител, учител и просветител на нашиот народ и проповедник на Словото Божја, свети Кирил, пред чиј гроб се молиме со синовска благодарност за извршената просветна преобразба преку евангелското слово, да ја запази нашата црква и нашиот народ.

Треба да се одбележи дека на 2 април 2005 година почина папата Јован Павле Втори. Кардиналот Јосиф Рацингер беше избран за нов папа – Бенедикт XVI.

На 15 април 2005 година во Скопје почина монсињор Јоаким Хербут, бискуп на Римокатоличката црква во Република Македонија. На негово место беше востоличен монсињор Киро Стојанов.

Во Охрид се одржа Меѓународен научен собир „Свети Наум Охридски – живот и дело”, по повод 1100-годишнината од изградбата на манастирот Свети Наум, на 20 октомври 2005 година.

Од издавачката дејност: 

Зденка Рибарова: Јазикот на македонските црковнословенски текстови, МАНУ, Скопје 2005.

Ханс Лотар Штефан: Македонскиот јазол, АЗ-БУКИ, Скопје 2005.

Протоѓакон д-р Ратомир Гроздановски: Послание на Светиот апостол Павле, проучување и толкување на текстот, Скопје 2005.

Славе Николовски-Катин: Монографија за Светле Стамевски од Детроит, „Македонска искра“, Скопје, 2005, 1-222, (на македонски и англиски).

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН