ДВАЕСЕТ И ПРВОТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1989 ГОДИНА (44)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „40. ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ФИЛОЗОФ ВО РИМ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ, СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ

Дваесет и првата манифестација „Во чест на свети Кирил” траеше од 22 до 26 мај оваа година. Во тој период, во вечниот град Рим присуствуваа државна и црковна делегација, чиј шеф беше академикот д-р Јордан Поп Јорданов, претседател на Мкедонската академија на науките и уметностите.

Исто така, во делегацијата беа вклучени: д-р Борис Петковски, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, Ѓоко Стоичиќ, претседател на Републичкиот завод за меѓународно научна, просветна-културна и техничка соработка на СР Србија, м-р Јован Мартиновиќ, советник во Заводот за заштита на спомениците на културата  во Котор, а како преведувач и предавач беше вклучен Наум Китановски, виш предавач на Филолошкиот факултет во Скопје. Црковната делегација ја предводеше дебарско-кичевскиот архијереј митрополитот г. Тимотеј, а во придружба на свештеникот Димитрија Кочовски.

Во текот на манифестацијата академикот д-р Јордан Поп Јорданов одржа предавање на тема „Современите природни науки и филозофијата”; Наум Китановски зборуваше за „Проблемите на преведувањетона македонската поезија на италијански јазик”; м-р Јован Мартиновиќ говореше за „Културно-историските споменици во Котар, Црна Гора и пошироко”, а беше отворена и изложба на фотографии за санација и реконструкција на Котор. Редоследот на акти вностите беше следниот: Веднаш по пристигнувањето , делегацијата беше примена од амбасадорот на СФРЈ во Италија г. Душан Штрбац. Другиот ден таа беше примена од деканот на Факултетот за книжевност и филозофија, проф. Акиле Тарспаро.

Во разговорот беше поднесена досегашната повеќегодишна соработка на овој факултет во Македонија преку манифестацијата „Во чест на свети Кирил”. Притоа беше искажана благодарност за коректниот однос на овој факултет што работи во рамките на Универзитетот „Ла Сапиенца” и придонесот на проф. Лионело Константини, кој и оваа година непосредно се ангажираше за реализирање на двете предавања, и тоа: „Денешната состојба на преводите на италијанската литература на македонски и на македонската литература на италијански”, од проф. Наум Китановски и „Спомениците на СР Црна Гора и нивната обнова по земјотресот од 1979 година” од м-р Јован Мартиновиќ. На предавањата присуствуваа професори, студенти и специјалисти за темите што тие ги обработуваа. 

На 23 мај, делегацијата имаше разговор со монсињор г. Анџела Содана, а присуствуваа и амбасадорот на СФРЈ при Ватикан Штефан Цигој и поранешниот папски нунцие во Југославија, Франческо Каласконо. Во разговорите, меѓу другото, академик Поп Јорданов изрази чудење што папата Јован Павле II оваа година не упатил честитка на македонски јазик за Велигденските празници.

Веднаш потоа уследи посетата кај папата Јован Павле II, кој ја прими во приватна аудиенција делегацијата, заедно со амбасадорот Ш. Цигој. Во разговорот академикот Поп Јорданов ја истакна улогата на солунските браќа свети Кирил и Методиј за развојот на писменоста на словенските народи и на сета културна Европа.

Потоа, Поп Јорданов го спомна говорот на папата одржан пред неколку илјади вработени во фабриките за хемиски производи, што решиле да преземат разновидни мерки за отстранување на загадувањето на животната средина. Притоа, папата нагласи дека еколошката проблематика треба да ги обединува сите луѓе. Потоа на папата му беше предадена книга со стари средновековни ракописи од Македонија, а во разговорот академик Поп Јорданов укажа дека македонскиот народ бил задоволен кога папата упатувал празнични честитки и на македонски јазик и дека поради тоа е изненаден што тој не го направил тоа и во 1989 година.

На 24 мај, делегацијата ја посети Академијата Nacionale dei Lin-ei, која е основана во 1603 година и во текот на своето постоење се развила во најугледна италијанска установа од ваков карактер. Притоа, академикот Поп Јорданов ја објасни организацијата на работата во МАНУ.

Истиот ден, делегацијата заедно со амбасадорите и членовите на нивните амбасади, со посетителите, како и една поголема група професори од едно средно училиште во Битола што престојуваа во Рим, присуствуваа на свечениот молебен на гробот на свети Кирил во црквата „Свети Климент” во Рим, што го изврши дебарско – кичевскиот митрополитг. Тимотеј. Притоа, академикот Поп Јорданов и двајцата амбасадори на СФРЈ положија венец на гробот на свети Кирил.

Наредниот ден, делегацијата имаше средба со деканот на Факултетот за математички, физички и природни науки, проф. д-р Луиџи Кампанело . Во разговорот се констатира дека поголемиот дел од проектите што ги реализирала МАНУ од областа на природните науки се од интерес и за овој факултет, а се искажа и спремност за соработка во повеќе научни области.

Истиот ден, делегацијата водеше разговори во Министерството за надворешни работи со г. Серџо Силвио Баланцино, генерален директор на Генералната дирекција за културни врски. И овој разговор се одвиваше во мошне добра атмосфера. Исто така, делегацијата го посети Институтот на италијанска енциклопедија, каде што беше примена од генералниот директор, проф. Винченцо Каполети и двајца негови соработници.

Во текот на престојот во Рим, шефот на делегацијата академик Поп Јорданов одржа предавање на англиски јазик на тема: „Односот на модерните природни науки и филозофијата”. Предавањето беше следено со големо внимание од академиците и другите врвни италијански специјалисти за овие области. По излагањето на д-р Поп Јорданов, уследи жива дискусија и прашања на кои тој исцрпно одговараше. Исто така, во рамките на манифестацијата беше отворена изложба на фотографии за реставрацијата и реконструкцијата на Котар, што ја претстави проф. Анџеј Томашевски.

На последниот ден од престојот во Рим, на 26 мај, делегацијата ја посети Понтификалната академија на науките на Ватикан. Оваа исклучително угледна установа, основана 1922 година, составена е од голем број членови од повеќе земји во светот, меѓу кои и бројни носители на Нобеловата награда за разни области на природните науки.

Во оваа установа делегацијата беше примена од проф. Г. Б. МасиниБетоло, кој исцрпно ја објасни нејзината работа.

Проф. д-Р Вера Стојчевска-Антиќ со своите предавања во САД и Канада изврши посебно претставување на светите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски.

Во 1989 година таа одржа предавања на американските универзитети: Чикаго, Мајами (Флорида), Северна Каролина во Чапел Хил, Јуси Елеј – Лос Анџелес, како и во македонските православни цркви: „Свети Кирил и Методиј” – Чикаго, „Света Богородица” – Детроит, „Свети Климент Охридски” – Торонто, Канада (две предавања), „Свети Петар и Павле” Гери, Индијана.

Славко Димевски: „Историја на Македонската православна црква“, „Македонска книга”, Скопје 1989 година.

На 1146 страници авторот Славко Димевски го проследува развојниот пат на Македонската православна црква, низ цели тринаесет векови. Опфатени се сите карактеристични моменти од нејзиниот развој, од времето на разните покорувања на Македонија, до нејзиното укинување, и потоа напорите за нејзино обновување, како и прогласувањето на нејзината автокефалност. На крајот следи резиме на англиски јазик.

Ѓорѓи поп Атанасов: „Речник на старата македонска култура“. „Македонска книга, Скопје 1989.

Во оваа книга доаѓаат до израз значајните македонски книжевници и книжевни творби од средниот век. Меѓу нив посебно се истакнуваат разновидните прашања, дела и настани, поврзани со светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум Охридски, затоа што делото е неопходно важно за односната проблематика.

Сведоштва за Кирил и Методиј”, (словенски и латински извори), избор, превод и белешки: Радмила Угринова-Скаловска, Љубинка Басотова, „Мисла” и „Македонска книга”, Скопје 1989.

Авторките на оваа книга, Радмила Угринова-Скаловска и Љубинка Басотова, во воведниот дел ги образложуваат целите што сакале да ги постигнат со ова издание. Тие се запираат врз значајните кирилометодиевски извори и ги преведуваат на современ македонски јазик Панонските легенди, потоа Успението Кирилово, Солунската легенда, Италијанската легенда, Сведоштвата на Анастасиј Библиотекарот, Воведниотзбор од Осмиот цариградски синод, писма од римските првосвештеници. На крајот следат и нужните белешки.

“Macedonian national treasures Editorial board: С. Grozdanov, Ѕ. Janevski, Т. Каја, В. Koneski, R. Kostovski, D. Косо, М. Matevski, /. Mikulcic, А. Nikolovski, D. Popovski, G. Stalev, G. Starde/ov, Makedonska kniga,Skopje 1989.

Книгата „Македонските национални богатства” претставува репрезентативна резиме на македонското уметничко богатство. Текстовите и илустрациите се однесуваат на сите периоди од развојот на Македонија, со репрезентативните експонати. Во неа своевиден одраз наоѓа словенскиот период од содејноста на светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски.

Блага Алексова „Епископијата на Брегалница”, Институт за истражување на старословенската култура – Прилеп 1989.

На 12 ноември 1989 година, претседателот на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија Јездимир Богдански ја врачи скулптурата „Свети Кирил и Методиј” од Томе Серафимовски, по повод свеченото отворање на „Македонскиот културен центар” во Перт – Западна Австралија.

Продолжува 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН