ДЕЛ ОД ПОКЛОНЕНИЈАТА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ (38)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „40. ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ФИЛОЗОФ ВО РИМ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ, СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ

По смртта на браќата светители Кирил и Методиј, нивниот најран забележан светителски ореол се среќава во синаксарот на Асемановото евангелие. Ова изборно евангелие е датирано различно, но за најран датум се смета крајот на Х век. Ова говори дека нивниот култ бил рано оформен и веќе влезен како канонизиран непосредно по нивната смрт. Нивната светителска традиција се пренесувала во словенските земји, па и пошироко. Европа била запозната со нивната епохална дејност.

На 30 септември 1880 година, папата Лав XIII посебно го апострофира и прошири нивниот култ со Енцикличното послание „Grande Munus”. Со ова послание нивниот култ посебно беше нагласен во Европа.

Папата Павле VI, со Апостолското послание „Pacis nuntius”, од 24 октомври 1964 година го прогласи свети Бенедикт за покровител на Европа. На 31 декември 1980 година, папата Јован Павле II го издаде Апостолското послание „Egregiae Virtutis”, со кое ги прогласи светите Кирил и Методиј за сопокровители на Европа, заедно со светиот Бенедикт. Со ова писмо вниманието на Европа се сврте кон свети Бенедикт и кон светите Кирил и Методиј.

На 2 јуни 1985 година, папата Јован Павле IIго издаде Енцикличкото Послание за словенските апостоли, упатено до сите епископи, свештеници, монашки заедници и до сите христијани, во спомен на евангелизаторското дело на светите Кирил и Методиј. Во него папата го нагласува нивното епохално дело, евангелизаторското слово меѓу Славените, нивните настојувања за заеднички братски живот, за почитувањето на достоинството на секој народ, заради што и нивната слава се разлеа надалеку.

Не случајно папата Јован VIII во далечната 880 година ја одобри употребата на словенскиот јазик во богослужбата, преведена од светите браќа. Ова послание е по повод 1100-годишнината од смртта на Методиј, со што папата Јован Павле II се осврнува на најважните пунктови од нивниот апостолски, просветителски и творечки пат.

Оваа енциклика е преведена на повеќе јазици, а на македонски гласи: „Енциклично послание за словенските апостоли од врховниот архијереј папата Јован ПавлеII”.

Енцикликата од 1980 година гласи: „Litterae apostolicae ѕѕ. Cyril/us et Methodius, totius Europae caelestes apud deum compatroni а ѕитто Pontifice notu proprio constituuntur”.

Комплетниот италијански печат им даде значајно место на вестите за високиот ранг на светите Кирил и Методиј.

Рим

Денот на свети Кирил и Методиј, на 28 ноември 1985 година во Брисел свечено беше прославена 1100-годишнината од смртта на Методиј, во организација на ,,lnstitut Libre Marie Нарѕ”, во Конгресната палата, сала Бенелукс.

Свечениот пленарен собир го отвори К. Ј. Верлеј со рефератот: „Европеизација и екуменизмот на Кирил и Методиј“, а втор настапи П. Девос. Од Републи ка Македонија учествуваше Вера Стојчевска-Антиќ, со реферат за датирањето на некои словенски ракописи од раниот период на писменоста. Ф. Ј. Томсон говореше на тема за старословенските преводи, а М. В. Паријс за светите Кирил и Методиј.

Нашиот претставник проф. В. Стојчевска-Антиќ го запозна Универзитетот во Брисел и членовите на Славистичката катедра. Во Институтот контактирше со А. Ј. Фаниел, кој предава руски јазик и литература и кој повеќе пати потоа гостувал на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Скопје и Охрид.

Прочитаните реферати се објавени во “Laпgage l’homme\ (lnstitut Libre Marie Нарѕ\, Bruhelles vol. 21/1986). Директор на Институтот бешегоспоѓата Ц. Голоши-Жиблет.

Стјепан Антолјак и Бранко Панов: „Средновековна Македонија”, том I-III, издавач „Мисла”, Скопје 1985.

Публикацијата „Средновековна Македонија” опфаќа три тома. Во обемната содржина се застапени монографии, статии и други позначајни научни трудови. Истите автори ги имаат пишувано во периодот од 1958 до 1983 година. Поголемиот број од трудовите се објавени низ страниците на повеќе списанија, зборници и други публикации, а дел од нив за првпат се објавуваат овде. Ова импозантна издание содржи поширок преглед на македонското културно и историско минато. Опфатен е периодот од населувањето на Славените во Македонија до првите векови на османлиското владеење, т.е. периодот меѓу VI и XVI век.

Наум Охридски. „Научен зборник“, издавач Историски архив-Охрид, Охрид 1985, стр. 1-130.

Овој научен зборник посветен на Наум Охридски, претставник на првата генерација кирилометодиеви ученици, содржи десет научни прилози од исто толку научни истражувачи. Како што ќе биде забележано и во воведниот дел на Зборникот, главна иницијатива за неговото составување е „да внесе нови светлини во една одамна присутна празнина во научната литература – делото на Наум Охридски и севкуните традиции на неговиот манастирски комплекс”. Содржински, прилозите се одинтердисциплинаренкараткер и опфаќаат дотични истражувања од областана лингвистиката, историјата, книжевноста, ликовната уметност, архитектурата, палеографијата, археологијата и психијатријата.

Јован Белчовски, „Автокефалноста на Македонската православна црква”, „Студентски збор”, Скопје 1986.

Овој труд е пресек на историјата на Македонската православна црква од времето на Самоил до ден-денес.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН