ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН
Д-р Кристина Калас, која саедно со проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ е рецензент на монографијата „Томов“, која е на македонски и на англиски јазик, а чиј автор е Славе Катин има големо значење како една од првите играорки во ансамблот „Томов“, а посебно таа како познат американски публицистима и голем придонес во комлетирањето на текстовите во Монографијата.
Приложениот текст под наслов „Зад сцената“ го напиша д-р Кристина Калас и е објавен во списанието за фолклор и народни ора “Вилтис”, книга 39, број 3 од септември-октомври 1980 година, во кој таа пишува:
„Што имаат заедничко еден компјутерски програмер од Тајван, еден доктор за физикална терапија од Унгарија и еден занаетчија за обоено стакло од Скандинавија? Одговорот е Балкански ора, се разбира. Погрешен заклучок, велите? Но, само на прв поглед. Овие тројца, со своето различно етничко потекло, споделуваат силна заедничка врска како членови на Ансамблот на Ѓеорѓи Томов за југословенски народни игри и песни, еден од најпознатите фолклорни друштва во Америка.
Една голема уникатна одлика на ова друштво, со седиште во Њујорк, е што меѓу своите 40-тина членови (со исклучок на Ѓеорѓи Томов, директор и кореограф) нема етнички Југословени. Сите се Амеиканци кои имаат голема љубов кон народните игри, кои имаа туво за балканските ритмови и око за балканскиот стил. Под прецизното и професионално раководство на Томов, тие, во своето петгодишно искуство, моделираа еден богат и продуховено настап и еден импресивен збир признанија за нивните настапи што се протегаат од старата татковина до Карнеги Хол.Ѓеорѓи Томов, роден Македонец, поголемиот дел од својот живот го посветил на оживувањето на народните ора, тренд што станува сé поголем во целиот свет.
Позитивно оценет од критиката како играорец во ЛАДО и со ТАНЕЦ, односно во хрватскиот и македонскиот национален ансамбл на народни игри и песни цели 16 години, имал извонредна можност одблиску да ги проучи бројните и разноликите фолклорни традиции од сите краеви на Југославија. Неговите настапи му овозможија да стапи во контакт со играорци не само од неговата земја, туку од целиот свет.
Во создавањето и проширувањето на Фолкденс Фондацијата, Студиото и на ансамблот ТОМОВ, Ѓеорѓи Томов има комбинирано огромна љубов, напорна работа и силна волја. Секоја од овие организации, сама по себе, претставува различен аспект на неговата енергија за пошироко признание на користа/вредноста од зачувување на етничкото оро во Америка.
Фолкден Фондациајта, непрофитна организација, опфаќа голем опсег на активности, од спонзорирање на серија предавања, до одржување на една истражувачка и филмска библиотека, до публикување на еден билтен под име “Фолквју” (Фолквиење)“
Фолклорна фондација
Фолкденс фондацијата е покровителна организација во чии рамки постои Судиото, а Студиото е физичко јадро на дејноста на Томов за промовирање на разбирањето и ентузијазмот за народните ора и песни. Сместено на Унион Сквер, Студиото е едно од седиштата на Њујорк за народни ора и песни, со часови и предавања на сите нивоа кои се одржуваа скоро секја вечер во неделата.
Различни наставници држат часови и често се вклучени работилници и стручни предавања со наставници-гости од целата земја – за илустрација, неодамна беше одржана руска работилница со Александру Давид, српски и балканска работилница со Цига Деспотовиќ, унгарска работилница со Џудит и Калман Маѓар, и посебни играорни вечери со етничка тема – грчки, мексиакански, ирски, израелски и многу други. Секоја есен, Студиото спонзорира гала јубилиерна забава на која учесниците се облечени во прекрасна мешавина од етнички народни носии од целиот свет – специјално позајмени или извлечени од старите ковчези/сандаци за таа прилика.
За играорната група на Томов, Студиото е дом. Пробите се одржуваат два пати неделно по три, четири, а понекогаш и по пет непрекинати часа – што не е мал подвиг ако се има во предвид дека секој играорец исто така е редовно вработен или студира. ??Големото, празно Студио, орабено со огледала и големи прозорци, претворено е во едно мало парче земја од старата татковина. Таму може да се видат опинци, меки балкански обувки за играње, како и појасите, марамите.
Томов ги увежбува играорците на типични балкански чекори и движења и на мали стилски нешта кои прават голема разлика на сцена – виткање на рацете, наведнување на главите, превиткување на колената. Над се’, тука се насмевките кои ги поврзуваат играорците еден со друг, а сите нив и со публиката.
Ништо не е поважно од тоа да се вклучи публиката, да се вовлече во магичниот, имагинарен свет на селски празници, свадби или седенки по завршената работа. Томов е неумоллив во своето инсистирање дека играорците треба да се свесни – за самите себе, за сите други, за публиката, за ставот што тие го проектираат, за расположенијата што ги креираат. Во текот на неделните проби, се одвојува време за театарски игри вежбањето на умот и духот е исто толку важно како и добро-извежбано, гибко тело. Потоа, пробите продолжуваат со коерографијата при што играорците прават брзи проби на верзиите на различни ора на целата сцена.
Ансамблот „Томов“ на „Илинденските денови“ во Битола
Различни ора
Ширината на репертоарот на Томов е различноста на самата Југославија од словенските Алпи на север, со силен австро-унгарски вкус, до страсната, сончева Македонија на југ, со своите егзотични турски и албански влијанија.
Репертоарот исто така опфаќа и бројни ора од Србија, од далматинскиот брег околу Дубровник и од Хрватска, вклучувајќи го прекрасното комично ергенско оро од Барања, источна Хрватска, во кое убав млад ерген/играорец флертува/кокетира со две моми, збунет од тоа која да ја избере.
Кои се луѓето кои посветуваат толку големо време и толку голема енергија до совршенство на оваа сценска уметност? Членовите на групата не се професионални танчери, ниту пак уметници. Тие се наставници, адвокати, канцелариски службеници, луѓе од различно потекло, како што се различни и нивните професии.
Специјална привлечност на настапите е можноста да се игра во живописни, автентични народни носии кои се дел од личната колекција на Томов од повеќе од 300 народни носии. Повеќето од нив се рачно изработени и извезени, а многу датираат од 19-от век. Гордост и радост на Томов е многуслојната невестинска народна носија од Македонија, со делови од накит што се стари повеќе од 300 години. Носиајта се носи на сцена во свадбеното оро наречено Невестинско.
Бидејќи секое оро или сплет ора што се изведува потекнува од различен дел на Балканот, секое се изведува во своја автентична народна носија. Заднината на сцената значи брзо менување на осветлувањето и за играорците и за публиката, таписерија на бои и традиции кои се богати и различни колку што се богати и различни и самите ора.
Постигнатите успеси од настапите во последниве години обезбедуват обемен простор за Ансамблот. Се настапува пред исткната, почитувана публика која е упатена во фолклорот и тоа во Авери Фишер Хол во Линколн Центарот, во Карнеги Хол во текот на прославата на 4 Јули во Њујорк и на Зимската олимпијата во Лејк Плесид. Кога силен земјотерс го погоди јужниот брег на Црна Гора, во летото во 1979 година, Томов брзо организираше добротворен концерт и целиот приход беше наменет за помош на жртвите од земјотресот“, вели во својот текст д-р Кристина Калас.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН