ОБРАЌАЊЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА ГОСПОДИН ГОСПОДИН ДОСИТЕЈ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „40. ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ФИЛОЗОФ ВО РИМ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ, СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ

Од името на македонскиот народ и Македонската православна црква на свеченоста говореше архиепископот господин Доситеј кој, меѓу другото,  рече:

Пресвети и преблажени наш, преподобни оче Кириле, 

Над гробот каде почиваат Твоите свети мошти, денес во овој миг се најдуваме ние потомците, чедата на народот од чии пизуви си излегол и Ти, преподобни оче Кириле Солунски, Се најдуваат чедата на.оној народ на чиј јазик си го направил најблагородниот и животворен чекор во просветувањето и зацврстувањето во верата Божја на словенските народи.

Овде во вечниот град Рим, дојдени од нашата Македоиија, која била удостоена од спасителната мисија и на св. Апостол Павле, се најдуваме ние преставниците на македонскиот народ и Црква. Тука сме ние наследниците на Вашите ученици и следбеници, на рамноапостолите и нашите светители и просветители св. Климент и Наум, охридските чудотворци.

Тука иад Твојот гроб дојдени сме да Ти се помолиме, преподобни оче Кириле, и скромно да Ти искажеме должна признателиост и благодарност. Зашто, Твоите молитви и просветителното дело се најзаслужните што, и Твојот македонски народ, заедно со другите Словенски народи, можеше да ги преброди тешките искушенија низ кои мораше да помине во својата макотрпиа иационална и црковна историја,

Додека ги изговарам овие зборови, чувствувам дека Ти, преподобни оче Кириле, со право ми го поставуваш прашањето: Зошто ова го чиниме со вакво големо задоцнување? Зашто се работи за доцнење од цела една епоха, 1.101 година од Твојата смрт? 

Сакаме да Те увериме, преподобни оче Кириле, дека тоа не се должи на невниманието, непризнанието, уште помалку на неблагодарноста на Твојот народ. Причините за ова се исклучиво во тешкото и макотрпно мииато, низ кое македонскиот народ и светата Македонска православна црква мораше да помине. Требаше да помине повеќе од еден милениум на тешко ропство, за да, слава на Бога. на Вас свети браќа и наши патрони свети Климент и Наум и македонскиот народ да го огрее сонцето на слободата, а светата Македонска православна црква да го продолжи благородниот пат иа Светиклиментовата Охридска архиепископија, што беше неканонски и од иноверна власт прекината во кобната 1767 година’.

Молебен на гробот на свети Кирил

Преподобни оче Кириле, 

Македонскиот народ дури пред четврт век, и тоа само во еден дел од својата сакана земја, се најде слободен. Оној народ на чии јазик, со Божјата промисла, Ти ги преведе првите книги на словенски јазик и со словенско писмо, народот на Светиклиментовиот древен Охрид, каде пред повеќе од илјада години работеше и првиот Словенски народен универзитет, низ кој поминале преку3.500 ученици, народот што има големи заслуги за просветата иа сите словенски народи, ја имаше најтрагичната судбина последен да се ослободи и со својот литературен јазик последен да влезе во ризницата на светската култура и цивилизација.

Меѓутоа, Те уверувам, преподобни оче Кириле, дека во тешките дни на искушенијата, низ кои врвеше мојот народ и Црква, честите молитви што нечујно ги искажуваше кон Господа нашиот човек, беа упатени  и кон Тебе, кон Твојот брат св. Методија и Вашите ученици свети Климент и Наум, Сава, Горазд и Ангеларија. Преку Вас Спасителот, Господ Бог ги услиши нашите молитви и еве денес ние на глас Ве славиме и ја искажуваме нашата топла и срдечна благодарност.

Можеби ќе ни замериш преподобни оче Кириле, што на вака скромен начин ја искажуваме нашата благодарност. Те уверуваме дека е тоа честитата и срдечна интима што кон Тебе ја изразува Твојот македонски народ и Црква, Нека оваа скромна плоча биде само симболот на нашата безграиичиа почит и благодарност. А приклонувајќи се кон Тебе, ние Ти се молиме, како досега, така и во идиина да бидеш наш застапник пред престолот Господов. Едновремено со честита совест Те уверуваме дека македонскиот православен народ верен на своите претчеественици, е и ќе остане доследеи кон спасителното учење на Христовата вера.

Во оваа прилика не можам, а да не искажам голема благодарност и кон блаженопочиваниот св. отец папата Адријан II, што така својски Те прими кон крајот иа 867 година во Рим, како и на почитуваните ирски доминиканци, со чија заслуга и до денес се чувани Твоите св. мошти во овој Божји храм. Впрочем, тоа е должно внимание кон Тебе, преподобни оче Кириле, и заради тоа што со твоја заслуга моштите на свети Климент Римски деиес почиваат во овој свети храм.

Поставувајќи ја оваз скромна спомен-плоча ние чувствувmе долг да изразиме признание и кон вечниот град Рим, што во неговите пазуви повеќе од 11 столетија почиваат светите мошти на равноапостолот и сесловеискиот просветител, на свети Кирил Солунски. 

Приклонувајќи се во нашите божествени молитви пред Тебе, преподобни оче Кириле, Ти ветуваме дека доследно ќе го продолжиме патот кон спасението покој Ти, свети Методија, свети Кмимент и Наум нас не поведовте. Зашто и денес Твоето учење е исто толку, ако не и повеќе нужно на луѓето и народите, човекот да биде брат со другиот, а границите се’ помалку да ги делат среќните и несреќните. Онака, како што Ти од Твојата татковина појде во други земји и татковини да ги учиш луѓето и народите“.

АМИН!

На крајот, Хорот на Скопската радио-телевизија исполни делови од „Ли-тургијата на св. Јован Златоуст” од познатиот македонски композитор од XIX век, Атанас Бадев.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН