ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“ НА СЛАВЕ КАТИН
Државата Њујорк е територијата на која се доселиле голем број Македонци од сите делови на Македонија и со различно образование и општествен статус. Всушност, градот Њујорк во минатото бил влезната врата на сите доселеници од Европа, кого го заплискуваат водите на Атлантскиот Океан. Георги Томов е еден од нив, кој играл важна улога меѓу доселениците од Балканскиот Полуостров.Њујорк е местото каде е изградена Македонската православна црква “Св. Климент Охридски”. Црквата “Св. Климент Охридски” е формирана по иницијатива на неколку македонски семејства, претежно од Њујорк и од блиската околина. На 17 мај 1987 година се одржа основачко народно собрание на кое едногласно беше решено да се формира црковна општина што ќе ги задоволува нивните духовни и културни потреби. Беше одлучено црковната општина да го носи името на охридскиот чудотворец и покровител на МПЦ “Св. Климент Охридски”.Како резултат на активностите преземени од членовите на оваа црковна општина, на 31 јули 1987 година таа беше регистрирана кај американските власти на државата Њујорк. Потоа, Светиот синод на МПЦ на 22 октомври истата година донесе одлука црковната општина “Св. Климент Охридски” да биде примена под канонска и духовна јурисдикција на МПЦ, а со тоа да биде составен дел од Американско-канадската македонска православна епархија. Црковната општина има свој Правилник одобрен од Светиот синод на МПЦ, според кој се раководи и презема активности за духовно единство на македонските доселеници во тој дел на САД. Во септември 2001 година беше поставен камен – темелникот на новиот храм, кој е во изградба.Во оваа црковна општина, секако, најактивна е женската секција. Меѓутоа, со зголемувањето на бројот на доселениците, претежно интелектуалци во Њујорк во последниве години, се очекува активностите да се зголемат, како на духовен, така и на културно-просветен, научен, спортски и друг план.Во македонските заедници во Њујорк и во Њу Џерси постојат повеќе организации и друштва. Еден од нив што се формира по Втората светска војна е Националниот комитет за изградба на болница. Имено, во февруари 1946 година, на еден свечен банкет во Њујорк, Болничкиот иницијативен комитет на Македонците од САД, во неговата голема желба да помогне на својот народ и на новата македонска држава, покренал иницијатива за изградба на болница во Скопје.Во летото 1946 година се одржала конференција од претставници на македонските организации од САД и Канада, како и делегати од повеќе македонски друштва, селски и црковно-спомагателни братства. Бил избран Национален комитет за изградба и екипирање на една модерна болница во главниот град на тогашна Народна Република Македонија, Скопје. Со средствата на македонските доселеници од САД, Канада и Австралија бил изграден и опремен болничкиот комплекс во рамките на Државната болница во Скопје и на 8 јули 1958 година бил свечено пуштен во употреба.Според зборовите на господинот Томов, во овој Комитет еден од најактивните членови бил неговиот пријател д-р Живко Ангелушев. Исто така, овој истакнат Македонец бил и претседател на Комитетот на акцијата на македонските иселеници во САД за помош на Скопје по катастрофалниот земјотрес во јули 1963 година. Помошта на иселениците е вградена во новите објекти кои денес го красот градот на Георги ТомовМеѓутоа, фудбалскиот клуб “Македонија Клифтон” е еден од најстарите и најдобрите македонски фудбалски клубови, кој работи надвор од црковната општина. Тој е формиран во 1972 година од група фудбалски ентузијасти. Овој фудбалски клуб има постигнато најдобри резултати во првенството и во купот на Њу Џерси. Клубот има свои простории, каде се собира бројно македонско иселеништво. Тој е еден од најважните македонски центри во Њу Џерси.Фудбалскиот клуб “Македонија Клифтон” е организатор на фудбалскиот турнир што се одржува секоја година во август и на кој учествуваат десетина македонски фудбалски екипи. Исто така, членовите на клубот се постојани организатори на новогодишните и други празнувања, потоа учесници на бројни протести и манифестации, како и донатори на поединечни активности и на македонските православни цркви.Георги Томов соработувал со сите друштва и други асоцијации во Њу Џерси и Њујорк. Меѓу нив посебно место заземаат медиумите. Така, тој беше поддржувач на гласилото “Македонски месечник”. Инаку, Македонската заедница во Њу Џерси го издала “Македонскиот месечник”, на 14 страници, мал формат, посветен на актуелните проблеми на Македонците во регионот, со посебна нагласка на младинската организација од Њу Џерси, затоа се смета за прв младински весник на тие простори.Иницијатор и реализатор на весникот е Македонската младинска организација, која со негово издавање започна во 1999 година. Во овој месечник се објавени бројни текстови за Георги Томов.„Св. Климент Охридски“ во ЊујоркИсто така, Георги Томов, имал плодна соработка со “Македонски глас”, македонски неделен весник во САД и Канада. Тој излезе за прв пат на 5 ноември 2004 година. Весникот се печати неделно во Њу Џерси и претставува многу сериозен и единствен месечен весник на Македонците во САД и Канада.Георги Томов имал добра и плодна соработка и претставувал дел од Движење за македонски човекови права. Оваа асоцијација е во рамките на црквата “Св. Кирил и Методиј” во Сидер Гроув. Поводот за организирање на движењето беше поврзан со навршувањето на 25 години од потпишувањето на Букурешкиот договор во 1988 година. На тој ден беше организиран протестен митинг пред Обединетите нации во Њујорк, како и академија на која беа поканети гости од политичкиот и општествениот живот од Република Македонија.Инаку, почетоците на Движењето за македонски човекови права датираат од Велигден 1988 година, кога беше организиран состанок и членовите решија да испратат писмо до македонските доселеници.Потоа на 28 март 1990 година во манастирот “Св. Ѓорѓи” се собрале околу 200 души и донеле одлука за регистрирањето и понатамошната работа на Движењето. За прв претседател беше избран Георги Томов, кој ја доби и членската карта бр. 1, како заслужен граѓанин.Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |