ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН3. Илинденската црква „Свети Илија“, како што милуваат да ја наречат љубанци, се наоѓа на источната страна на селото, до патот што води кон селото Брајчино, во Илиовска Маала. Годината на градењето на црквата не е позната, но има претпоставки дека е градена во XIX век, а подоцна била обновена. Во основата е еднокорабна. Оваа црква е собиралиште на сите мештани, иселеници, гости и дојденци на празникот Илинден, кога се одржува и свечена богослужба и од каде, всушност, почнуваат исленичките средби. 4. Црквата „Свети Никола“ се наоѓа во селото, во Пашариковска Маала, лоцирана на југоисточниот дел, на околу 200 метри под црквата Света Пречиста“. Изградена е во XV век што е одбележано на камен на влезот кон олтарчето лево. Обновена е во 1971 година. Таа е маалска црква, но за празникот свети Никола е посетена од жителите на селото.5. Манастирската црква „Свети Атанас“ е заштитник на селото и е една од позначајните цркви на љубанци. Таа се наоѓа во Коријата, на ридот од јужната страна на селото на околу 700 метри, над полициската станица. Црквата е една од постарите, и е градена во XIV век. Ѕидовите се од камен, а покривот пред обновувањето беше со камени плочи. Оваа манастирска црква е опкружена со дабови стебла и претставува место за одмор и рекреација и еден вид видиковец. Таа е собиралиште за љубанци на свети Атанас на 31 јануари.6. Манастирот „Свети Петар и Павле“ е еден од поубавите во Преспа. Тој се наоѓа на околу 800 метри над црквата „Свети Атанас“, сместена на една убава рамнина на висината која од сите страни е заградена со шума и стрмни падини. Од источната страна е вградена во голема карпа, која е искористена наместо ѕид. За оваа прекрасна манастирска црква се знае дека е градена во 1923 година од браќата Никола и Јоше Стасовски од Љубојно. Постои интересно кажување од внукот на Никола за изградбата на црквата.Имено, Никола во 1922 година бил во Америка. Таму една ноќ сонил сон во кој му дошол еден стар човек со долга брада и му порачал да изгради црква на местото каде што сега е изградена постојната црква и да и’ го даде името Свети ПетарДел од Центарот на ЉубојноТака по враќањето од Америка и со помош на целото село, во 1923 година Никола ја изградил манастирската црква. Ѕидовите на црквата се градени од делкан камен и во основата е еднокорабна. На дваесетина метри од црквата, на северната страна изградена е и висока камбанарија, која е интересна по својата конструкција и местоположба.7. Црквата „Света Марена“ се наоѓа на западната страна на селото, на излезот кон Долно Дупени и Наколец. Во минатото таа била на крајот од селото, а сега е во средината на селото, бидејќи под црквата се изградени поголем број нови современи куќи. Годината на градењето не е одбележана, а постарите жители во Љубојно паметат дека таа како параклис е изградена во почетокот на XX век од мештанинот Илија Мелески.8. Црквата „Свети Димитрија“ се наоѓа на северозападната страна на селото, на самиот влез во Љубојно, од десната страна на асфалтниот патот за Ресен. Годината на градбата не е никогаш запишана, а се смета дека по остатоците на гробиштата кои уште се распознаваат во околината на црквата, таа била изградена заедно со црквите „Свети Никола“ и „Свети Атанас“ во XIV или XV век и е една од најстарите цркви во Љубојно.9. Црквата „Света Богородица“ габаритно е малечка и се наоѓа на западната страна на селото, во ливадите на местото викано „Богородица“. Таа е оддалечена околу еден и половина километар од Љубојно и се наоѓа во близина на патот Ресен-Маркова Нога, на брегот на Стара (Брајчинска) Река. Градена е во поново време, односно во XX век. На празникот света Богородица е посетувана од жители на Љубојно и Наколец.10. Во Љубојно постојат три параклиси, и тоа: „Света Тројца“, која се наоѓа на патот од Ресен кон Љубојно, кај месноста викана „Ореите на Димовци“. Параклисот го изградил познатиот и признат пејач на забавни и народни песни Ламбе Алабаковски, за здравје на неговата фамилија Алабаковци.11. Параклисот „Света Софија“ е изграден на местото викано „Синец“, каде се наоѓа легендарната чешма, чија вода е спроведена до центарот на Љубојно на Полена. Овој параклис е дар од брачните двојки, полицаецот Томе Капетановски, од Малоишта и неговата сопруга Васка Гакевска од Наколец, како и на Лиле Видиновска од Љубојно и Диме Радевски од Демир Хисар.12. Параклисот „Свети Атанас“, пак, се наоѓа од десната страна на патот од Љубојно кон Брајчино, над Штабот, спроти црквата „Свети Илија“ и е донаторство на Лиле Карапашовска со сопругот Блаже Димитровски.Сите овие македонски православни цркви се значаен дел од активностите на Македонците во дијаспората кои потекнуваат од овој преспански крај. Затоа, со право може да се констатира дека црквите во Љубојно, заедно со околу илјадници во Македонија и уште стотина македонски храмови во дијаспората се доказ за постоењето и признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Тие се доказ за постоењето на македонскиот народ и Македонија Исто така, со ова се потврдува дека македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел и за независност на својата Православна црква. Затоа историјата на македонскиот народ во изминатите илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква-Охриска ариепископија.Црквата била таа која организирала голем дел од културната и од уметничката дејност на македонскиот народ, пред сé преку градење цркви и манастири.Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други земји насекаде по светотПродолжуваПишува: СЛАВЕ КАТИН |