Премиерот Христијан Мицкоски придружуван од дел од министрите се сретна со претседателот на фондација „Мармара”, Република Турција, Акан Сувер, со неговиот тим, соопшти владината прес-служба.
На средбата, премиерот Мицкоски се заблагодарил на гостите за интересот и континуираната соработка од нивна страна со нашата држава, ги претставил можностите за инвестирање во нашата земја и одличните можности на Владата кои ги нуди во тој дел за потенцијалните странски инвеститори.
Претседателот на Фондацијата, Суфер му ја честитал победата на премиерот Мицкоски и рекол дека оваа Влада има одлична економска програма која е привлечна за секој инвеститор кој би сакала да го инвестира својот капитал во земјава.
Претседателот на фондацијата „Мармара” му ја врачил на премиерот Мицкоски лично поканата за овогодинешниот Глобален Евроазиски економски Самит кој веќе 30-тина години се одржува во Истанбул.
Преку овој форум, велат од Владата, македонската економија и македонските компании имаат ширум отворена врата за соработка во целиот евроазиски простор. Тоа е и врската меѓу двете држави.