Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, ќе биде во посета на Македонија.
За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.
– Со задоволство ја очекувам втората посета на Македонија. Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.
ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, Банката има инвестирано ЕУР 2,9 милијарди во 190 проекти во целата земја.