Од наша страна ние им честитавме на премиерот Христијан Мицкоски и на министрите по формирањето на новата коалициска Влада и Европската Унија ќе соработува со неа во остварувањето напредок во суштинските реформи со цел земјата да напредува на европскиот пат, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. – Тоа е нешто што е договорено со Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од Договорот и да го имплементираат со добра волја. Тоа имаме да го кажеме, истакна Писонеро.