Мицкоски поднесе измени на Законот за енергетика за да не поскапи струјата за домаќинствата

Група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка со којшто ќе нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, информира на прес-конференција во Собранието мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски изјави дека денеска во Собранието поднеле Предлог закон за дополнување на Законот за енергетика со што нема да има зголемување на цен

-Имајќи предвид дека како идна влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела, но исто така како идна влада имаме одговорност, а тоа го ветивме и пред граѓаните за време на кампањата за претседателските и парламентарните избори дека тие ќе бидат нашиот приторитет и стандардот на граѓаните ќе биде наш приеотритет и како вчлада имамме намера серизно да се грижиме за нивниот стандартд и да не дозволиме истиот поради ситни интереси на поединци да биде начнат, односно загрозен. Во таа смисла група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска, првопотпишам сум јас, доставивме до архивата на македонското Собрание Предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скрарена постапка, со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен и нема да се дозволи драматично зголемување на цената на електричната енергија, рече Мицкоски.

Тој појасни дека со овие измени пред се домаќинствата кои се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за струја, а очекува да нема значително зголемување и за потрошувачите во третата и четвртата група, односно тоа би се движело  од 1 до 2 проценти.

Со поднесениот предлог закон, како што рече, ќе се спречи зголемување на цената на струјата од 5 проценти почнувајќи од 1 јули, согласно одлуката донесена деновиве од техничката Влада. 

Мицкоски појасни дека цената на електричната енегрија се формира како збир од четири собирока: цената за услугите на МЕПСО, на ЕВН дистрибуција, на операторот на пазари МЕМО и цената на електрична енергија од ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), а која со одлуката на техничката влада треба да се зголеми за 5 проеценти, односно од 57 на 60 евра за киловатчас.

-Сите овие четири собирока на крај се множеа со коефициентот 1,115 односно старата маржа која универзалниот санбдувач ја наплаќаше од домаќинствата или 11,5 проценти. Откако истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабд се распиша нов јавен опглас и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Со  дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури итн. натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува Регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на Законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти, појасни Мицкоски.

Тој воедно упати порака до универзалниот снабдувач да врши, како што вели, многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните, да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија.

– Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5 проценти на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија, уверува Мицкоски.

Тој најави дека ќе преземат активости во следите шест месеци да го реорганизираат енергетскиот сектор и веќе во следниот регулационен период од 1 јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, а исто така и индустријата која што е на регулираниот пазар.

-На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни  бидат исклучиво важни граѓаните. Граѓаните направија тоа што требаше да направат сега, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните, рече мандатарот Мицкоски.