Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе престојува во работна посета на Австрија, каде што ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан”, што се одржува во Виена и Вахау, на иницијатива на шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.
Како што информираат од МНР, Османи ќе се обрати на двете работи сесии на состанокот, на теми „Поплочување на патот за пристап на Западен Балкан во ЕУ преку постепена интеграција“ и „Проширување на ЕУ со Западен Балкан: Време е да се оствари!“.