Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Берлин, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, имаше средба со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој.
На средбата беше разговарано за исклучителната важност на посветената реализација на проектите на ЕБОР во земјава, фокусирани на континуиран развој на социо-економските процеси во македонското општество, во согласност со нашата европска стратешка определба, соопшти кабинетот на Сиљановска Давкова.
Двете соговорнички ја потенцираа заложбата во промовирањето на родовата еднаквост, како клучен двигател на функционалната одржлива и инклузивна пазарна економија. Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова, изрази задоволство од успешноста на спроведените политики на ЕБОР во земјава, се вели во соопштението.