Мицкоски ќе ги поднесе измените на Законот за државната управа во Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Христијан Мицкоски и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски денеска во Собранието ќе ги поднесат измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа за да може да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови. 

Мицкоски, кој е иден мандатар на новата влада во 12 часот во Собранието ќе одржи прес-конференција.  

Седницата за измените на Законот, според собраниски извори, треба да се одржи во петок на 7 јуни.