КОН ХАЗАРСКАТА МИСИЈА НА ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ (3)

     

КОН ХАЗАРСКАТА МИСИЈА НА ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ (3)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Црноризец Храбар напишал за браќата свети Кирил и Методиј дека ако ги запрашате грчките книжевници кој ви ја создал азбуката и кој ви ги превел книгите? – Сите знаат и ќе одговорат: „Свети Константин филозоф, наречен Кирил, тој ни ја создаде и азбуката и ни ги преведе книгите и брат му Методиј.”

Во „Похвалата за свети Кирил и Методиј” од Климент Охридски, пак, пишува дека откако свесно примија крст на плеќите, ја зајдоа сета вселена исполнувајќи ја со поуки. А во оние места во кои не се запреа или заради долгиот пат, или заради мноштво други околни земји, во нив се растурија како сончеви зраци, осветлувајќи го со светлината на благоразумноста сиот свет.

На 14 февруари 869 година во Рим починал Кирил Филозоф во екот на изведувањето на Моравската мисија, задолжувајќи го својот постар брат Методиј да ја доора започнатата бразда. Оваа важна мисија, со непроценливо значење за културниот развиток на сите словенски народи, настанала по претходно остварената Хазарска мисија, во којашто учествувале и двајцата браќа. Од далечната хазарска одисеја браќата ги донеле во Рим светите реликвии-моштите на римскиот папа Климент, заради што папата Адријан II им укажал посебна почест.

Во IX век Византија била моќна империја, чиешто непрегледно сестрано богатство го свртувало вниманието на соседните народи и племиња. Во 860 година на север и североисток од државата постоела видлива опасност од инвазијата на словенските и хазарските народи. Словенските племиња претставувале постојана опасност уште од VI век, додека источно-турските номадски хазарски племиња во VIII век формирале силна држава – Хазарски каганат, по долниот тек на реките Волга и Дон.

Сакајќи да ја елиминира опасноста од експанзијата на Хазарите, византискиот двор прибегнал кон испробаната практика и ја организирал Хазарската христијанска мисија. Која што имала суштинска политичка цел и преку верскиот карактер на преговормте требало да се наметне христијанската религија. Византија честопати преку христијанизацијата успевала да ги смири скитачките и воинствено расположените племиња и да ги сопре нивните завојувачки намери. Главната улога при изведувањето на оваа мисија им била доверена на браќата Кирил п Методиј.

Хазарите имале можности да се запознаат со еврејската и со муслиманската религија. Пратениците на Хазарите побарале од византпскиот император учени луѓе коишто ќе им докажат на Хазарите, Евреите и Муслиманите дека христијанската вера е единствената вистинска вера. Императорот веднаш го повикал Кирил Филозофот, според опширното Кирилово житие, му рекол: „Оди Филозофе кај тие луѓе, па проловедај им и протолкувај им за Светата Троица, со нејзина помош, зашто никој друг тоа не може да го стори подостојно”.

На патот кон Хазарите Кирил и Методиј навратиле во градот Херсон на Црното Море, каде што Кирил одлично го изучил еврејскиот јазик и превел осум делови од граматиката, Потоа, во овој град Кирил стапил во контакт со еден Самаритјанин и ги изучил и самарнтјанските книги. Панонските легенди соопштуваат дека во Херсон Кирил го изучил и рускиот јазик, а пронашол и евангелие и псалтир пишувани со руски букви. Тука Кирил ги пронашол моштите на одамна починатиот римски папа Климент, коишто по деветгодишна одисеја ги пренел во Рим. Пронаоѓањето иа моштите го инспирирало Кирила и по тој повод составил три книжевнн творби: расказ за пронаоѓањето на моштите, свечено слово по истиот повод и химна за херсонскиот настан. И трите творби биле составени на елински (грчки) јазик, а потоа преведени на латински јазик од Анастасиј библиотекарот.


Кирил и Методиј пристигнале кај хаварскиот каган, којшто прв беседувал со нив, а потоа браќата се впуштиле во долготрајните полемики со Евреите и Муслиманите, кои успеале помасовно да им ја наметнат својата религија на Хазарите, додека христијанските приврзаници биле најмалубројни. Искусните браќа одлични полемичари и со длабоки познавања на суштинските поставки на христијанската религија, предизвикале восхит кај непријателите.

Кирил им објаснил многу непознати работи во догмите, а посебно суштинското значење и славењето на Светата Троица. Учениот каган бил многу задоволен од одговорите м го пофалил Кирила кај византискиот император. Каганот сакал да им даде богати дарови на мисионерите, но овие го замолиле да им ги подари заробените Грци. Според Панонските легенди, по успешните толкувања на христијанската религија, многу луѓе од хазарската држава го примиле христијаиството, а односите меѓу Византија и Хазарскиот каганат биле подобрени. Верската нота на мисијата постигнала значајна политичка и дипломатска цел.

По завршувањето на мисијата вредниот Кирил ја составил книжевната хазарска полемика, којашто во оригинал не достигнала до нас, но многубројните цитати што ги среќаваме во Панонските легенди го откриваат нејзиниот книжевен извор, којшто сигурно достигнал до раката на житиеписецот.

Третата државна мисија на двајцата браќа билапознатата Моравска мисија, којашто отпочнала по барање на моравскиот кнез Ростислав во 863 година. За нејзиното остварување и двајцата браќа макотрпно ја граделе низата отстапки што ја извршувале римските папи, заинтересирани за младите словенски кнежевства и држави, како и цариградските патријарси и императори. Нивната пожртвуваност и љубовта што ја гаеле кон словенскиот род, им била основна поента на многу слависти, кога се определувале за нивното словенско потекло. Но, без оглед на нивната припадност, делото на солунските браќа останува како траен залог, вткаен во културната историја на Словените.




Свети Кирил од Рим, Италија, Свети Кирил од Солун, Македонија

Браќата Кирил и Методиј се појавиле пред Словените во пресудните моменти од нивното егзистирање, во IX век кога овие народи се бореле за опстојување, опколени со држави со долга традиција и со аспирации за престиж во соседството. Затоа, мисијата што ја покренал моравскиот кнез Ростислав ќе биде од пресудно значење за натамошниот општествено-културен растеж и зацврстување на Словените, зашто генијалната работа на Константин – Кирил врз создавањето на словенската (старомакедонската) азбука, ќе биде општо достоинство за сите нив. Првите преводи на старословенски јазик, врз основа на дијалектот на Македонските Словени од околината на Солун, ќе бидат подеднакво разбирливи за сите Словени, иако наменети за изведување на мисијата во Моравија.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН