ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ОД 1941 ДО 1965 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Меѓу постарите училишта во Македонија е и основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, кое од 1986 година го прослави својот 150-годишен јубилеј. Ова училиште го носеше истото име и пред НОБ, а најстарата зграда на училиштето ја исполнуваат учениците на Јордан Хаџи-Константинов-Цинот.

На 13 ноември 1944 година заѕвони училишното ѕвонче во ослободената Македонија, а мајчиниот македонски јазик стана официјален јазик во македонските училишта. Училиштата започнаа со седумгодишно основно образование, а во 1944 година во училиштето „Кирил и Методиј” се запишаа 475 ученици, од I до VII одделение. Истовремено се формира и првиот училишен колектив којшто го сочинуваа: учителите и раководителите: Перса Хаџи-Јанева, Донка Филкова, Марија Сотирова, Трајанка Бошковска и Елена Сиџимовска.

Веднаш по ослободувањето, во привремениот наставен план се воведе предметот-народен јазик, а во 1948 година предметот е преименуван во македонски јазик. Веќе во 1959-1960 година се именува како – мајчин јазик. Во јубилејната 1986 година ова реномирано училиште работеше со 700 ученици распоредени во 23 паралелки, со 34 наставници, со кабинетска настава за сите ученици распоредени во осум одделенија. Разбирливо е дека преку ова училиште сакаме да го дадеме профилот и на другите македонски основни училишта, посебно на сите оние кои со гордост го носат името на светите Кирил и Методиј и на свети Климент Охридски. Во 1986 година ова училиште свечено го прослави патрониот јубилеј.


Во 1945 година во Охрид беше организпрана голема прослава на денот на светите Кирил и Методиј. Следејќи ја традицијата создавана со години наназад, свеченоста започна од охридското училмште „Свети Кирил и Методиј”, нако неговата активност престана во 1918 година. Навиките стекнувани долгорочно ги тераа охридските ученици и граѓанството чествувањето да го започнат од ова училиште. Кон свеченостите се придружуваше и Црквата, со одржување на свечени молебени.Од ова училиште се формираше дефиле, кое продолжуваше низ охридските улици.

Чествувањето течеше спонтано, прифатено од сите жители на Охрид. И во 1945 година беше прифатена иницијативата за продолжувањето на традицијата, со формирањето на дефилето и празнувањето. Учениците понесуваа слики од просветителите, пароли со нивни мудри изреки. Подоцна над ова охридско училиште беше изградено денешното „Свети Климент Охридски”.

Потоа, прославите ги прифатија сите ученици од Охрид, и од основните училишта, и од Гимназијата. Културно-уметничките приредби ја потенцираа големината на учителите свети Кирил и Методиј. Така, во 1946 година во Учителското училиште во Скопје беше одржан првиот час, како јавен час посветен на браќата светители Кирил и Методиј. Од 1946 година, пак, започна редовното чествување на браќата просветители во сите македонски училишта. Денот на Солунските Браќа започнаа да го доживу-ваат сите ученици празнично.

Списанието„Македонија“, како орган на Матицата на иселениците од Македонија беше едно од првите гласила во Македонија коешто се печати секој месец од 1963 година, во период од четнриесеттина година. Тоа беше, всушност, израз и одраз, пред се’, на македонските иселеници во прекуокеанските и европските земјн, за кои беше и наменето, а во исто време претставуваше афирматор на голем број активности што се одвиваа во Република Македонија и пошироко. Во тој период беа отпечатени се околу 490 броеви на македонски јазик, а голем број текстови и рубриката „Од месец до месед“ беа на англиски јазик, што ги преведуваше и уредуваше еден од авторите на овие текстови, Славе Катин, беа со цел македонските иселеници во англосаксонскиот свет подобро да бидат информирани.


Списанието „Македонија” беше регистратор на најголемиот број активности во Републиката и во иселеничките колонии. Особено внимание се посветуваше на значајните датуми сврзани со светите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски. Посебен простор бешее даден на манифестацијата „Во чест на Свети Кирил во Рим” и на активностите сврзани со овој значаен датум за македонскиот и за другите славјански народи.

Во 1959 година започна да излегува гласилото „Весник” на Макеонската православна црква. Во броевите на ова сппсание наоѓаше посебно место делото на светите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски. Во неговите страници наоѓаа израз христијанските празннци, светлите јубилеи на светителите. Весннкот излегуваше се’ до 1990 година, а главен и одговорен уредник беше протоѓаконот Славе Пројкоски, а од 1994 година продолжува пак да излегува. Соработници на “Весник” беа претстав-иници на Македонската православна црква, наставниот персонал од Богословското училиште и Теолошкиот факултет, како и световни и други лица,
Од 10 до 16 септември 1961 во Охрид се одржа XII Интернационален конгрес на византолозите, под високото покровителство на претседателот на ФНРЈ – Јосип Броз Тито. Претседател на Организациониот југословенски комитет беше Георги Острогорски, на Регионалниот комитет на НР Македонија во Скопје – Димче Коцо. секретар Нико Този, додека на Комитетот на град Охрид – Никола Горичан.




ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје


Работата на Конгресот се одвиваше во седум секции: историја (2), уметност и археологија (2), филологија и историја на литературата, историја на црквата и теологија, право и специјални науки, помошни науки, музикологија Во пленарниот дел според отпечатената Програма.

Конгресот на византолозите одржан во Охрид даде значајни резултати, а учесниците беа задоволни од амбиентот на градот и домаќините. Од повеќе научни области беа соопштени новини од истражувањата и самиот меѓународен собир отвори нови идни перспекстиви за работа и соработка.

На 10 септември во 12 часот на гостите им беше презентирана „Изложбата на југословенски икони”, во салата на хотелот „Орце Николов”. Оваа Изложба ги откри пред светските научници и македонските и охридските икони, кои предизвикаа голем интерес.
Научните резултати и ннтересот на светската наука за културното наследство на Македонија ги продлабочија и истражувањата и напорите за идните научни собири во Македонија. Набргу, не случајно, во 1966 година се организнраше Собир во чест на свети Климент Охридски, по повод 1050 годишнината од неговата смрт.

Во рамките на Византолошкиот конгрес во Охрид беа организирани посети на културно-историските споменици, како и Концерт на црковна музика во црквата „Света Софија”. Исто така, на посебна изложба беше прикажан македонскиот вез. Потпретседателот на Егзекутивниот федерален совет на ФНРЈ-Родољуб Чолаковиќ приреди прием за гостите. Учесниците имаа можност да го слушаат Концертот на народни македонски песни. Беа приредени вечери за филмот, балетот. На 16 септември учесниците го посетија манастирот „Свети Наум”.


Народниот музеј во Охрид во 1961 година подготви посебно издание: „Зборник”- „Recueil de travaux”, по повод десетгодишнината од основањето на Музејот, посветено на XII меѓународен византолошки конгрес, одржан во Охрид. Во зборникот се објавени трудови на научници, кои претежно се однесуваат на повеќе научни области поврзани со Охрид и Охридско. Специфични сознанија во него донесоја: Б. Конески, Т. Томоски, Д. Коцо, В. Лахтов, Ѓ. Бошковиќ – К. Томовски, Р. Љубинковиќ – М. Ќоровиќ, Б. Чипан, В. Мошин и други.

Исто така, треба да се нагласи дека дека во тој период „Иселеничкнот календар“ се печатеше во состав на списанието„Македонија“ кзко изданне ка Матицата на иселениците од Македонија, Тој излегуваше секоја годима по еден примерок во период ол триесетина голими како публикација којашто ги преземтира, пред се’, историските факти и вистинм за махелонскиот народ и за Макеоднија, потоа достигањата од областа на литературата, културата, науката, економското и лолитичкото живеење во Рспубликата, како и достигањатана македонските иселеници ширум светот.

Од 1982 година овој каленлар започна да се печати како „Иселенички алманах“, а во него се срсќаваат текстови на македонски и на англиски јазик од голем број автори од Македонија и свстот. Притоа. поссбен простор се посветува на делото, животот и активностите што се оргашпираат во чест на светите Кприл и Методиј и нивните ученици свети Климент и Наум Охридски. чиешто дело има посебно место сред македоиските иселенмцм во прекуокеанските земји.
Од 1963 година започна да излегува зборникот „Светите браќа Кирил и Мстодиј до нашите дни” (Зборник од статии по повод 1100-годишнината на свети Кирил и Методиј, издание на Светиот архијерејски синод на Максдонската православиа црква. Изборот и реализацијата на статиите во Зборникот ги извршиле: епископот господин Наум, протојерејот ставрофор Боро Станковски и протојерејот д-р Славко Димсвски. Пред избраните статии, што се однесуваат на животот и долото на светите Кирил и Методиј, објавено е заедничкото обраќање до вериниите по повод јубилејот, од Неговото Блаженство архиепископот охрилски и скопски и митрополит македонски – Доситеј, епископот преспанско-битолски – Климсет. и епископот злетовско струмички – Наум.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН