ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН
Илјада и педесет годишнината од смртта на свети Климент Охридски се прослави мошне свечено во Македонија, особено во Охрид од 10 до 12 септември 1966 година. Во неа зедоа учество гости од Република Македонија, од СФРЈ и од странство. Одборот за прослава беше наименуван во почетокот на 1966 година. На прославата и’ беше даден белег од поширокиот опсег на делото и значењето на св. Климент, не само за македонскиот народ, туку и за другите словенски народи.
И одборот беше составен од претставници на тогашните југословенски републики, а во него беше вклучена и Македонската православна црква. Во прославата зедоа учество и поднесоа свои излагања и поздравни говори 30 странски слависти од 13 земји: Австрија, Англија, Бугарија, Западна Германија, Источна Германија, Италија, Полска, САД, СССР, Унгарија, Финска, Франција и Чехословачка.
Прославата започна на 10 септември со импресивна манифестација на Климентовиот гроб, каде што со реферат настапи претседателот на Извршиот совет на СР Македонија – Никола Минчев. Тој ги истакна историските услови во кои се појавил св. Климент Охридски, потоа неговите заслуги за зацврстува-њето на словенската писменост и култура. Истата вечер Свечената академија во Охрид ја отвори проф. Блаже Конески, истакнувајќи ги во својот реферат заслугите на св. Климент во афмрмирањето на кирилометодиевското дело. Тој посебно ги истакна напорите на Климент во афирмацијата на Словените воопшто и неговото значење во поставувањето на темелите на книжевното творештво кај нас. Истата вечер Свечената академија продолжи со ораториумот„Клименту” од композиторот Властимир Николовски.
На 11 септември 1966 година започна Свечениот собир на Скопскиот универзитет во салата на одморалиштето „Орце Николов”. Собирот го отвори ректорот на Скопскиот универзитет проф. д-р Ксенте Богоев. На собирот наста-пија: Грга Новак, Велибор Глигориќ, Братко Крефт, Есад Пашалиќ и Живан Милисавац. Потоа настапија осумнаесет претставници на странски научни институции, меѓу кои: Гинтер Витшенс (Австрија), Пјатро Федорович Глебка (Минск, СССР), Владимир Георгиев (Бугарија), Јозеф Курц (ЧССР), Алојз Шмаус (С. Р. Германија), Херберт Појкерт (ГДР), Роберт Оти (Англија), Анри Боасен (Франција), Хорас Лант (Кембриц-САД) итн. На македонски јазик настапија: Братко Крефт, Гинтер Витшенс, Јозеф Магнушевски и Хорас Лант.
Во оваа прилика даваме фрагменти од одделни искажувања и тоа од претседателот на Општинското собраиие – Охрид, Јаким Спировски, кој меѓу другото, рече:
„Пред повеќе од 1050 години продолжувачот на кирилометодиевската хуманистичка мисла, следејќи го патот на солунските браќа, тргна кон овој простор и овде, нз врвот од двојните ридови на градот Охрид, ги запали факелите на словенската култура и писменост. Светилиштето на словеискиот свет – Климентовиот манастир „Свети Пантелејмон“, втемелен од словенскиот учител чиешто име го славиме, е жариштето на Охридската книжевна школа, местото на Климентовото творење, училишното јадро, низ кое минаа стотици ученици понесени од народииот словенски збор на Климентовата беседа. Пред 1050 години, овде, учителот на словенските народи, оптоварен од бремето на годините, по триесетгодишио делување меѓу македонските Словени, ги склопи своите очи, оставајќи светол спомен за своето име со големата мисија што ја оствари во словенскиот свет.
Нам, на Македонците од градот Охрид и околните места, особено ни е драго, што во одбележувањето на овој значаен јубилеј од нашата културна историја учествуваат голем број гости од земјата и од странство. Дозволете ми од името на граѓаните, како и од свое име да ги поздравам сите гости и присутни и да им пожелам, пријатно да се чувствуваат во градот на Климента“.
Говор на Никола Минчев, претседател на Извршниот совет на СР Македонија.
„…Но кога во втората половина на минатиот век условите овозможија да. се разгори националната и културната преродба на македонскиот народ. Климентовото име и дело беа силен поттик, словенскиот јазик да се поврати во црквите, а во просветната и културната дејност да започие да си пробива пат современиот литературен македонски јазик, оспоруван и задушуван од многу страни, и на крајот, наспроти се’, да ја покаже и докаже својата животна способност.
И до денешни времиња во народните преданија се пренесе во пишаната реч, се открија многу нови вистини, но и доста невистини за неговиот живот идело.
Историскиот развиток на ова подрачје е тесно испреплетен со тој на соседните подрачја. Впрочем, слична е положбата и на целиот Балкански Полуостров. Многу заедничко имало во минатото меѓу народите на Балканот. Ние сме длабоко уверени дека е потреба на денот да се развива сето она што било позитивно во заедничкото минато, како и да се воспоставува тесна соработка во изучувањето на допирните точки во историјата со цел да се надмине робувањсто на тесно националистичкото и ненаучното третирање на историските епохи и личности“.
Црквата „Свети Пантелејмон„ каде е гробот на свети Климент
На Свечената академија одржана во чест на свети Климент Охридскк, во својот реферат проф. Блаже Конески, меѓу другото, го кажа следното: „Често во иследувањата на мисијата на Кирил и Методиј се акцентира особено тоа дека се работи, всушност, за дипломатска акција иницирана од византискиот двор. Се разбира, таа политичка позадина е очевидна. Но би било крајно упростување да се сведува мисијата на Кирил и Методиј само на таастрана. Никој не може да ја откаже самопрегорноста со која солунските браќа ја развиле својата дејност меѓу Словените. Некои научници во тоа гледаат дури укаџание за тоа дека тие самите биле од словенско потекло. Тоа може да биде така, но и немора да биде така.
Во историјата може да се посочи не еден пример на пожртвувана работа на одделни истакнати личности за доброто на други народи. Кирил и Методиј како да открија во својата дејност во словенската средина една смисла што со посебно призвание го наделуваше нивииот сопствен живот. Зашто една личност не се наоѓа себеси само во спроведувањето на извесни општи принципи, ами таа се остварува во дадена средина по многу посложени патишта. Методиј, како што кажува неговото житие, одбил да прими архиепископски чин во Византија, за да стане после архиепископ во туѓа земја, каде што ќе биде изложен на гоинење и дури ќе помине повеќе од две години во затвор.
Кога во последните денови од својот живот тој го комплетира преводот од Светото
Писмо, тој не ни се претставува во ликот на византиски дипломат, ами ни се претставува во ликот на една културно акгивна личност што сака да остави што поголема трага во средината во која дејствува. Климент Охрилски го разбира добро тоа, и онаа преценка што тој и неговите современици ја даваат за солунските браќа останува во сушност единствено правилна преценка, која негуби ништо од својата историска оправданост, а добива многу по својата човечност, со тоа што е пропиена со искрен патос и со длабока љубов спрема споменот на учителите. Едновремено, примерот на Кирил и Методиј, како и примерот на Климент не утешува со трајноста на едио културно дело, кое се ослободува од рамките на дадена историска ситуација“.
Ксенте Богоев, пак, ректорот на Скопскиот универзитет изнесе:
„Научната мисла на македонскиот и другите југословенски народи, потпирајќи се на соработката и научните достигања на светската. славистичка наука, ќе бидат во состојба да исполнат еден таков историски долг кон својот голем просветител, книжевник и општественик, кој самопрегорно и неуморно работел полни триесет годиии во Македонија и го положил својот живот токму во овој град во кој денес му оддаваат достоен почит оние кои најмногу го изучувале и запознавале и кои најдобро можат да ја ценат големината на историската фигура на Климент Охридски.
Во Социјалистичка Југославија, Македонија речиси го пресоздаванделото на Климент во нови, развиени услов остварувајќи нациоиален и културен процут, длабоко потпрен на тежненијата на народот. Скопскиот универзитет со своите импозантни и разгранети потенцијали формира и внедрува во општеството високо подготвени стручњаци и млади научни работници, кои по својот број, стручност и ентузијазам претставуваат широка движечка сила на стопанскиот и општествениот прогрес. Од редот на генерациите научни работници што излегуваат од Универзитетот во Скопје, македонските слависти и историчари постигнаа завидна афирмација и дадоа забеле-жани научни прилози за Климент Охридски, Впрочем, и денешнава прослава е еден посе-бен прилог. Таа не би била возможна на ова ниво и со ваква содржина без нивниот удел.
Давајќи иницијатива за одржувањето на денешниов свечен собир, Универзитетот во Скопје беше уверен дека низ учеството на вака голем број угледни научници од земјата и светот ќе биде даден крупен прилог не само за достојното чествување на споменот, туку и за проширување на соработката меѓу научните работници од сите земји во нивните натамошни истражувачки напори за осветлувањето на делото и личноста на Климент Охридски“.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН