МОНОГРАФИЈАТА ЗА ХРАМОТ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СКОПЈЕ

Во издание на издавачката куќа „Култура“ од Скопје е отпечатена монографијата за храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, чиј автот е протојереј-ставрофор Трајче Петковски. Делото е отпечатено по повод јубилејните -1 000 години на Охридската архиепископија, 60 години од обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на самостојна  Македонска православна црква – Охридска архиепископија и 10 години од возобновувањето на значајниот храм „Рождество  на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Авторот на делото  протојереј-ставрофор Трајче Петковски е роден на 29 мај 1967 година во Богомила, Велешко. Основно образование завршил во Скопје, потоа, Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, а во 1991 година дипломирал на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски’ – Скопје.

Од 30 јуни 1992 година, е поставен за свештенослужител во храмост „ во Црниче, Скопје, а  на 15 јуни 2002 година е назначен за старешина на Храмот. Потоа на 8 јануари 2003 година е произведен во протојерејски чин, а од 20 септември 2008 година е поставен за старешина на новоосветениот  храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Магистрирал на Институтот за национална историја при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјена групата  Историја на македонското национално ослободително движење, на тема „Соборниот храм Пресвета Богородица (1835-1918)“.

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква на својата редовна седница одржана на 13 декември 2016 година, на предлог на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, го одликува отецот Трајче Петковски со највисокиот свештенички чин „Протојереј-ставрофор“.

Во предговорот на моногравското дело, авторот прота-ставрофот Петковски, меѓу другото, напишал дека интересот за научна обработка на темата: Храм „Рождество на Пресвета богородица“ произлезе од потребата да се даде придонес кон научното осветлување на еден многу значаен храм од историјата на изградбата на прекрасната  црква „Света Богородица“, која со својата изградба целосно го сплотила населението од градот Скопје. Подоцна, благодарејќи на нејзиниот култ кај народот, таа ќе си го добие и своето место на заштитничка на градот Скопје.

1bogor11
1bogor111

„Рождество на Пресвета богородица“/ Трифун Костовски и отец Трајче Петковски 

Исто така, во првиот дел е пренесено дека многу е значаен периодот за Скопје кога е отворена Првата црковна  училишна општина „Света Богородица“. Тоа било типично училиште со специфична методика на наставната работа и организација, во кое наставата се одвивала исклучително на македонски јазик.  Учителската дејност  ја организирал и ја раководел македонскиот преродбеник, учител и учебникар Јован Хаџи Константинов – Џинот. Тој е големиот Македонец кој зазема исклучителна учителска, просветна и политичка дејност во Скопското народно училиште.

За овој истакнат преродбенски учител и народен просветител и за неговата учителска дејност постојат многу интересни податоци поврзани токму со неговото дејствување во црковно училишната општина при Соборниот храм „Света Богородица“.

Вториот дел на моногравското дело за храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје е посветен на возобнувањето на храмот на темелите на  „Света Богородица“. Имено, храмот е отпочнат со изградба во 2004 година, а целосно е изграден и возобновен  во својот првобител автентиче лик и димензии во 2008 година, со донација на бизнисменот и тогашниот градоначалник на Скопје – Трифун Костовски.

Монографијата е посветена на 10 годишниот јубилеј од возобновувањето на храмот „Рождество  на Пресвета Богородица“ во Скопје. Таа е мошне сложена тема досега во македонската историографија како дел од Македонската православна црква и историографијата на градот Скопје и неговата околина.

Инаку, методолошката и хронолошко-проблематската концепција за изградбата на магистерскиот труд „Соборниот храм Пресвета Богородица (1835-1918)“, беше направен под менторство на рецензентот проф. Д-р Катерина Тодоровска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Исто така, значаен удел во обработката на материјалите имаат и рецензентите: проф. д-р Александар Трајановски,  проф. д-р. Марјан Димитриевски и проф. д-р. Македонка Митрова.

Трифун Костовски, пак, како христијанин и почитувач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, има спонзорирано голем број светилишта. Меѓу другото, има помогнато во санацијата на црквите: „Света Софија“ во Охрид и „Свети Пантелејмон“ во Велес и на конаците на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Исто така, има донирано во црквите „Свети Трифун“ во Кучково, „Свети Петар и Павле“ во Јурумлери, Скопско, „Свети Климент“ и „Света Петка“ во Штип, во храмот „Рождеството на Света Богородица Трорачица“ во Крива Паланка, а е помагател и на џамијата во Центар Жупа.

Најголемата инвестиција во верско-националните објекти на Трифун Костовски е, секако, неговото ктиторство на изградбата на Соборниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во центарот на градот Скопје. Црквата се наоѓа во познатото Пајко Маало на самиот кеј од левата страна на реката Вардар. Таа била соборен храм на градот Скопје и седиште на Скопската епархија (митрополија). Патрониот светец на црквата „Пресвета Богородица“ е заштитничка на градот Скопје.

ПишуваСЛАВЕ КАТИН