ЗНАЧЕЊЕТО НА БРАЌАТА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО КНИЖЕВНИОТ И ЦРКОВНИОТ ЖИВОТ (1)

ЗНАЧЕЊЕТО НА БРАЌАТА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО КНИЖЕВНИОТ И  ЦРКОВНИОТ ЖИВОТ (1)

Делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“ е израз на долготрајната истражувачка дејност на авторите д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин на животот и делото на сесловенските (македонските) просветители светите Кирил и Методиј“.

Таа е монографија на „Матица македонска“ од Скопје, отпечатена во 1994 година, на 212 страници на македонски јазик. Рецензенти на ова дело се проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска и архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил, а беше издадено во 1994 година, кога се навршуваа 50 години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Инаку, Книгоиздавателството „Матица македонска“ на 9 октомври 2016 година, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ свечено го одбележа јубилејот 25 години од своето постоење.

Тоа беше централното чествување на Книгоиздавателството „Матица македонска“, иако издавачката куќа четврт векот од основањето пригодно го одбележува од почетокот на годинава, со организирање промоции, средби со писатели и со изложби на познати уметници во центарот „Матица ексклузив“.

Според пишаните документи, „Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година и досега има објавено илјадници наслови од најзначајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од над пет милиони примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки, славистички центри и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји. За својата богата дејност „Матица македонска“ е добитник на национални и меѓународни признанија, а во рамките на Клубот „Матица“ денес членуваат повеќе од четириесет илјади читатели.

Публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ од авторите д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин е едно од првите изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј директор и главен и одговорен уредник е познатиот писател и поет Раде Силјан.

Имено, на заседанието на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонскиот нирод во Републиката Македонија му се признаа правата за национална слобода. На 2 август 1944 година Антифашнстичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на своето прво заседание во манастирот „Свети Прохор Пчињски”, прогласи дека македонскиот народ влегува како национилно слободен и рамноправсн член во рамките на тогашна Федеративна Југославија, на принципите поставени на Второто заседание на АВНОЈ.

Разбирливо е што во Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија започнаа просвегно-образовни и културни текови, врз основата на кодифицираниот македонски јазик. На 3 мај 1945 година посебната комисија за јазикот и правописот на НР Македонија, донесе резолуција по прашањето на азбуката, а веќе на 7 мај истата година, беше озаконет македонскиот правопис.

Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот црковен живот, немииовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со кирилометодиевската традиција, со создавачите иа сгарословенскиот јазик, во чија основа влегоа говорите на Македонските Словени од околината на Солуи. Врз база иа овој максдонски дијалект беше изграден литературннот старословенски јазик.

Кирилометодиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени во Макеоднија. Вредните ученмци на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил темелмте на Охридската книжевна школа. Оттогаш низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година. Истата годииа свети Наум го напуштил бугарскиот црковно-просветен и книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во Охридската школа.

Оваа просветителска и културна дејностна преставниците од почетоците на формирањето на словенската писменост и киижевност оставала траги низ вековиге во Македонија. За оваа забележана траднција е досга често пишувано во славистиката. Притоа, се заклучува дека и во пишаните извори, а и во народната усна традиција постои континуираност.
Токму затоа, со ова издание авторите сакаат да ги проследат во еден преглед поважните дејности во врска со кирилометодиевската традиција, во периодот од 1944 до 1994 годииа. На овој начин се регистрирани барем поважните појави во Македонија, поврзани со епохалното дело на светите браќа и нивните ученици, укажувајќи на длабоките кореии на оваа традиција во Македонија, зачувана и во нашето современо живеење и чествување, како долг кон бсспримерните наши учители.

Македонскиот јазик спаѓа во јужнословснските јазици, а се формирал од словенските племиња што се населиле најјужно на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во IX век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок. Прашањето за литературниот современ македонски јазик било поставено уште во XIX век, а решено дури со победата на НОБ.

Споменикот „АСНОМ“ во Скопје

Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација, со одлуките донесени на АСНОМ 1944 годииа, Во изминатиот седумдесетгодишен период растеше јазично-творечката дејност. Во трудот иа Блаже Конески, со наслов „Македонскиот литературен јазик” (Реферати на македонските слависти за XI Меѓународен славистички конграс во Братислава, Скопје 1993 9-33), не случајно е истакнато: „Развитокот на функционалните стилови иа македонскиот литсратурен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.

Веднаш по НОБ се обновија училиштата во Македонија. Повеќе од нив го задржаа или го добија името „ Кирил и Методиј”, и „ Климент Охридски”. Овие имиња на нашите современи македонски училишта не се само симболични наслови, туку една жива врска на писмената, книжевната и културната традиција, што ја вкоренија солунските браќа и светители Кирил и Методиј во IX век.

Во ова издание се одразени и повеќеродни дејности, манифестации, собири, инсштуции, личиости, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста и работата на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него ги проследуваме и јубилеите, кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на културната манифестација „Во чест на свети Кирил” и поклоненијата на светиот гроб на свети Кирил во Рим во период од 25 годиии (1969-1994).
Посочуваните прослави собири, зборници, изданија, библиографии, даваат можности и за други посериозни потфати. Секако, сметаме дека и овој труд ќе даде прилог за поцелосното согледување на повеќе реализирани дејности во врска со епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј и на иивиите ученици, во Република Македонија и пошироко, во периодот од 1944 до 1994 година.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН