Средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Халман Марти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Халман Марти, соопштија од нејзиниот кабинет.

На средбата биле разменети мислења за севкупната билатерална соработка меѓу двете држави, што ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на соработка и меѓусебно почитување.

-Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во Швајцарија, со која годинава одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, гледаме голем пријател и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешнополитичките цели и приоритети, се вели во соопштението. 

На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала важноста на швајцарската поддршка за македонските институции, како на централно, така и на локално ниво, но и за граѓанското општество и нагласила дека особено го цениме фактот што Швајцарија е наш најголем билатерален донатор.

Таа посочила на потребата од натамошно зајакнување економската соработка, како преку натамошно унапредување на трговската размена, така и преку зголемување на швајцарските инвестиции.

На средбата, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова, било посочено и на бројната македонска дијаспора во Швајцарија, како важен аспект во севкупниот развој на односите меѓу двете држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *