МД „Илинден”-Тирана со честитка до претседателката Давкова: Имате голема поддршка од Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден”- Тирана денеска официјално испрати честитка до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор изразувајќи и голема поддршка од име на Македонците.

– Со особено задоволство, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви ја честитам големата победа за претседател на Република Македонија, која ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори, стои во честитката.

 Се наведува дека историската победа на претседателските и парламентарните избори,  одржани на 8 мај 2024 година „означува ново поглавје за Република Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина”. 

– Имате огромнa поддршка од Македонците во Република Албанија, затоа што напредокот и благодатта на македонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот етнички, јазичен, културен и историски идентитет на Македонците во целиот свет. Почитувана Претседателке на Република Македонија, Ви упатуваме изрази на највисоко почитување, се нагласува во честитката на МД “Илинден” потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

2 thoughts on “МД „Илинден”-Тирана со честитка до претседателката Давкова: Имате голема поддршка од Македонците во Албанија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *