Вархеји до Мицкоски: Честитки за убедливата победа, да работиме заедно на следното ниво од пристапниот процес

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

– Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија на следното ниво, наведе Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата Икс. 

Претходно, Вархеји победата на вчерашните претседателски избори и ја честиташе и на Гордана Сиљановска Давкова.