Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори, а ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати

Со победа на Гордана Силјановска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати на ДИК завршија претседателските и парламентарните избори во земјава. Сите учесници на изборите, како и членовите на Државната изборна комисија оценија дека изборите минаа во фер и демократска атмосфера.

По преброени 99,82 отсто од гласачките ливчиња, Силјановска Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%). Силјановска Давкова е првата жена претседател во земјава. Во изјавата дадена на синоќешната прес-конференција во Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, таа вети дека ќе биде претседател на сите грѓани.

-Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави Силјановска Давкова.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова е победник во вториот круг од претседателските избори. По преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска Давкова освоила 524.658 гл

Таа потенцираше дека ќе ги брани државните и националните интереси и упати честитка до граѓаните, бидејќи, како што рече, покажаа граѓански имунитет, граѓанска отпорност на притисоците.

-Оти да повикувате на бојкот е партиски и политички притисок. Да одите по домовите со списоци е исто така политички и партиски притисок. Значи, се одважија македонските граѓани без оглед на етничката, верската, социјалната и каква било положба да излезат стамено, достоинствено, стоечки и да го дадат гласот на оној на кој што сакаат, рече таа.

Силјановска Давкова, оцени и дека нема поголема промена од тоа за прв пат во нашата држава да има претседател жена.

-Има ли поголема промена од таа за првпат во оваа државичка, држава, жена да стане претседател? Има ли поголема инспирација за умните жени – нема. И јас мислам дека со мене, држете ме до збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Вацлав Хавел, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, на поинаков начин од машкиот, да го бранат, тоа е некаков голем исчекор и тоа е за мене реформски чекор, потенцираше меѓу другото, таа.

Противкандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата кој се тркаше за втор мандат, Стево Пендаровски им честиташе на победниците и им посака успешна работа во следните четири, односно пет години, наведувајќи дека резултатите се јасни и оти нема намера подетално да ги образложува.

- Rezultatet janë të qarta dhe nuk kam për qëllim që në hollësi t'i sqaroj, dua t'i uroj fituesit dhe tu dëshiroj punë të suksesshme në katër, gjegjësisht pesë vitet e ardhshme, deklaroi sont

-Мојот коцепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евро-атлантските структури за жал не доби поддршка. Длабоко сум уверен, дека само таква Македонија може да биде успешна, и мојата совест е чиста, но не верувам дека им е чиста на оние кои,  тргнувајќи од тесно партиски и лични интереси, денеска ефективно спречија илјадници граѓани да го земат и второто ливче и да гласаат за преседателските избори, рече Пендаровски осврнувајќи се на бојкотот на претседателските избори.

Прашан дали за поразот се виновни СДСМ, тој кажа дека долги месеци пред да ја најави втората кандидатура, кажал дека е битно да се има партиска поддршка, бидејќи живееме во држава која е силно партизирана.

-За жал, партократските елити ден денеска се посилни од таа граѓанска компонента да ја наречам, не само во изборниот процес туку во нашиот политички живот воопшто и ми беше битно да видам во каква кондиција ќе биде коалицијата од 15 политички партии предводена од СДСМ, значи уште пред Нова година на последните сондажи знаев дека не се во онаа кондиција во која биле пред пет или 10 години. Меѓутоа, анализите кои покажуваа дека мојот личен рејтинг е над рејтингот на таа политичка партија и над рејтингот на таа коалиција си дадов за право да имам надеж да се надевам дека можам да бидам рамноправен натпреварувач во оваа трка, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на бојкотот на претседателските избори и оцени дека стотици илјади граѓани биле оневозможени на системски, плански, на организиран начин да земат второ ливче.

-Јас сум убеден како што реков и по првиот изборен круг дека оние 330 илјади гласови кои отпаднаа од првиот круг дека се далеку поблиску до мојот политички концепт за ваква Македонија за која се залагам не само во изборна кампања, туку целиот мој живот практично, дека се поблиску до мене отколку до концептот кој го заговараше противкандидатката. Меѓутоа, повторно од за мене непознати причини верувам од теснопартиски интереси направија таква калкулација и на организиран начин ги попречија луѓето да гласаат и за претседател. Со тие претпоставени стотици многу над стотици илјади гласови трката ќе беше далеку, далеку понеизвесна, оцени тој.

Според него, не ги добил гласовите по онаа анализа првична што ја направиле и од албанската опозиција, бидејќи, вели Пендаровски, тие имаа сличен пристап кон своите гласачи, неколкумина видни функционери гласаа и земаа две ливчиња. -Меѓутоа според она инфо што јас го имам најголемиот дел и од нивните гласачи веројатно калкулирајќи утре да се најдат во следната влада преводена од ВМРО-ДПМНЕ постапија многу слично на гласачите на ДУИ, истакна тој.

Во однос на парламентарните избори, од преброени 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати за новиот состав на Собранието. Зад неа е коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата предводена од СДСМ има 18, коалицијата Вреди 13, а Левица и партијата ЗНАМ по шест пратенички места.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека за брзо време ќе започнат преговори со партиите од опозицијата за формирање коалиција и кажа дека е уверен дека ќе формираат влада во најкус можен рок и дека процесот ќе биде транспарентен. Најави дека резултатите од нивната работа ќе се почувствуваат уште во првите 100 дена од нејзиното формирање.

-Во напредна фаза сме и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја помогне економијата. Ова не сакав да го соопштувам пред кампањата за да не се исполитизира истото, но очекувајте уште во првите 100 дена многу добри вести за граѓаните и македонската економија, дополни Мицкоски.

Kryetari i VMRO-DPMNE-së, Hristijan Mickoski, deklaroi se së shpejti do të fillojnë negociatat me partitë opozitare për koalicionim dhe tha se është i bindur se do të formojnë Qeveri në një k

На вчерашната прес – конференција во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека на изборите се поразени, како што рече, „криминалот, корупцијата и неспособноста“.

– Поразени се и предавствата, поделбите, тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција мора да има одговорност која што ќе се темели на правда и закони, рече Мицкоски, дополнувајќи дека е победен и бојкотот на ДУИ.

Според него, народот покажал дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси.

 – Народот ја одржа најважната лекција и си ја спаси државата. Оваа генерација ја има неповторливата можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда и Македонија ќе биде ваша и ќе има иднина која што ќе се темели на вредности и надеж. Ќе ја вратиме надежта и вечерва имаме причина за славење, рече тој и нагласи дека ќе го даде, како што рече, и последниот атом од неговите сили да ги исполни сите ветувања.

Rezultati i sotëm është zhgënjyes, LSDM-së i është dhënë goditje e rëndë, tha kryetari i LSDM-së Dimitar Kovaçevski në konferencën për media në selinë e partisë rreth rezultateve zgjedhore ng

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа изјави дека резултатот од изборите е разочарувачки, и дека на СДСМ му е зададен сериозен удар. Најави процес на обнова и консолидација на партијата и нови избори за претседател и раководство на партијата. 

Ковачевски ги оцени изборите за фер и слободни, организирани согласно европските стандарди и тоа е рече огромен исчекор како резултат на слободата на медиумите и мирот и стабилноста која, како што рече, ја воспоставивме во изминатите години. Упати честитки за победата на политичкиот конкурент ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицкоски, како и на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претсдеател посакувајќи и да ја врши функцијата согласно уставните овластувања и евроатлантската посветеност. Тој упати честитка и до граѓаните и челнството на СДСМ кои рече и покрај резултатите од првиот круг, достоинствено излегоа да гласаат и помогнаа да се постигне цензусот за избор на Претседател.

-СДСМ повторно покажа државотворност и одговорност по стоти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади од ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за негласање на претседателските избори, но не паднавме во таа замка. Покажавме дека Македонија ни е поважна и секогаш ќе биде така. Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати. Во наредните месеци ќе треба посериозно и подлабоко да го најдеме изворот и причините за овој поразителен исход, рече Ковачевски

Тој посочи дека не сака да избрзува со заклучоците и да посочува виновници, но подвлече дека и тој и партиското раководство како и сите избрани функционери имааат одговорност на локално и централно ниво.

-Не се сомневам дека многу граѓани вечерва чувствуваат страв, страв од прекумерната моќ, која ја има партија, која е позната по злоупотреба на моќта. СДСМ и коалицијата мора и треба да бидат силна, одговорна и државничка опозиција, порача Ковачевски.

Тој меѓу другото додаде дека следната година е можност земјава да ја продолжи евроинтеграцијата и нагласи дека ако се пропушти таа шанса може да се загуби уште една деценија, но можеби и уште една генерација.

-СДСМ ќе се однесува одговорно, но топката сега е во рацете на новата влада предводена од Христијан Мицкоски, порача Ковачевски, предупредувајќи на последиците од евентуалните обиди за блокирање на патот на Европа и потенцирајќи дека местото на Македонија е во НАТО и ЕУ.

DUI leader Ali Ahmeti at a press conference late on Wednesday said the “European Front” coalition is now the second largest political force in North Macedonia.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата „Европски фронт“ е втора сила во државата по денешните избори.

– Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ, рече Ахмети.

Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите за членството во ЕУ.

-Остануваме силен фронт на мисионерите до реализација на финалните цели за членство во ЕУ, рече Ахмети.

На новинарско прашање за коментар на победата на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети рече дека треба да се почекаат финалните резултати од Државната изборна комисија, но му честита победа на Мицкоски.  

-Утре е 9 мај и да го оставиме назад фолклорот и да се зафатиме за работа за стабилноста и иднината на државата. Ако се рационални, можеме процесите на стабилност и мир да ги гарантираме во нашата земја. Ние нема да правиме неодмерени движења. Очекуваме да се затворат резултатите, се уште не се објавени финалните резултати. Откако ќе се објават резулатите официјално тогаш да размислуваме за работите што не чекаат во иднина, рече Ахмети.

На прашањето дали и каква опозиција би биле со оглед на резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети повтори дека треба да се почитуваат освоените гласови.

Koalicioni VLEN doli fitues në të gjitha komunat me shumicë shqiptare. Nga nesër fillojnë negociatat për qeverinë e re mes VMRO-DPMNE-së dhe koalicionit VLEN. Urime të gjithë shqiptarëve, uri

Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.

Ова, според Касами, е резултат на доаѓањето на нашите иселеници.

– Коалицијата ВЛЕН е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ВЛЕН им кажуваме благодарам, изјави Касами.

Според анализите кои ги имаат, Касами рече дека, најверојатно ќе излезат подеднакво по број на пратеници со коалицијата ДУИ.

Разликата во гласови нема да помине 10 илјади, рече тој.

-Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВЛЕН. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.

Лидерот на политичката партија „Левица“ Димитар Апасиев вечерва соопшти дека имаат освоени шест пратенички мандати на парламентарните избори и дека очекуваат да освојат уште еден пратенички м

Левица  има освоени шест пратенички мандати на парламентарните избори, а очекува да освојат уште еден пратенички мандат, изјави синоќа лидерот на партијата Димитар Апасиев.

Најави дека прво барање на „Левица“ ќе биде воведувањето на една изборна единица.

– Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Ја кутнавме црвената буржоазија, што беше наш детски сон уште од транзицијата, на под 20 пратеника. Друга наша значајна победа, и покрај сета наша маргинализација и фаворизација на Максо, го препопловивме проектот на ЗНАМ на пола од претседателските избори што покажува дека овој изборен систем повторно не краде затоа што некаде водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица – воведување на една изборна единица, рече Апасиев.

Лидерот на Левица вети и жестока дебата во Собранието.

-Левица ќе продолжи појако, пет пати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку десет нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници, рече Апасиев.

Претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски вечерва на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во однос на можните идни коалиции, посочи дека дополнително ќе ги разгледат

Претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски синоќа на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во однос на можните идни коалиции, посочи дека дополнително ќе ги разгледат опциите, но ќе бидат на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси. Тој е на ставот дека со ДУИ нема да коалицираат се додека партијата не претпри реформи.

Димитриевски напомена дека нивните црвени линии се дефинирани во предизборната програма, и строго ќе се држат до нив.

-Ние засега нашите црвени линии ги дефинираме во предизборната програма и строго ќе се држиме до нашите црвени линии. Што се однесува до идни коалиции и евентуални соработки, секогаш ќе бидеме тука на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси, но дополнително партиското раководство ќе ги разгледа сите опции и можности за евентуално партиципирање во власта или останување да работиме како конструктивна опозиција, рече Димитриевски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ единствено на претседателските избори загуби од Максим Димитриевски во Куманово.

Вчера одржаните двојни избори се 24-то изјаснување на граѓаните од осамостојувањето на државата. Ова се 11 парламентарни избори кои се спроведуваат истовремено со вториот круг од седмите претседателски избори.

Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, шестите во 2008, седмите во 2011, осмите во 2014, деветтите во 2016 година, а десеттите во 2020 година.

На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски.