Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе престојува во прва работна посета на Француската Република.
Освен со министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, Димитров ќе има средба и со Филип Етјен, политички советник на францускиот претседател, како и со претседателите на групите за пријателство во Националното собрание и во Сенатот на Франција.
Во рамките на посетата, шефот на дипломатијата ќе има и излагање на тема „Постигнувањата на Владата на Република Македонија во насока на остварување на заложбите за интеграција во европските и евро-атлантските структури“ на реномираниот Институт за меѓународни односи.